Стефан Богоев, Златко Марин, Филип Темелковски и Саша Богдановиќ ќе слават во домашна атмосфера.

Објавил: admin@magazin | 31 декември, 2019 9:25

Еве каде градоначалниците ќе се веселат за НОВА ГОДИНА!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Оваа Нова Година во главниот град Скопје, на Плоштадот ќе пее Дино Мерлин, а на Плоштад ќе биде и градоначалникот, Петре Шилегов.

Заедно со него ќе бидат и градоначалниците на Ѓорче Петров и Гази Баба, Александар Наумоски и Борис Георгиевски, со сопругите.

Стефан Богоев, Златко Марин, Филип Темелковски и Саша Богдановиќ ќе слават во домашна атмосфера.

Како што е познато премиерот Зоран Заев со сопругата и децата, новата година ќе ја пречека во Германија. Таму семејството Заеви ќе бидат гости кај свои пријатели.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прославата ќе ја направи во семејна атмосфера со сопругата и децата. Новата година ќе ја прослави и заедно со долгогодишен пријател и неговото семејство.

Министерот за образование и наука, Арбр Адеми прославата ќе ја направи дома и новата 2020-та ќе ја дочека со своето семејство.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев утрешната ноќ ќе ја помине во својот дом. Новата година ќе ја дочека и прво ќе си ја честита со своето семејство-сопругата и двата сина.

Министерот за внатрешни работи и иден премиер во техничката Влада, Оливер Спасовски како и изминативе години, новата година ќе ја прослави дома, заедно со семејството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.