Опасност од употреба на пластични шишиња

Објавил: Узунов Бобан | 5 август, 2019 9:18

Еве каква опасност се крие во пластичните шишиња и како да се заштитите

Фото/Текст извор: ©магазин

Повеќето од нас без размислување си ставаат вода за пиење во веќе искористени пластични шишиња. Но, дали тоа е добро за нас? 

И тоа поради бисфенол А, познат по кратенката БПА. Станува збор за хемиска супстанца која се користи во производство на пластични предмети, вклучително и на пластичните шишенца кои постојано ги користиме. 

Сè повеќе се трудиме да ја чуваме околината и едно шише го користиме повеќе пати, но не размислуваме колку му наштетуваме на нашето здравје. Експертите и предупредуваат дека повеќекратното користење на пластичните шишиња е штетно за нашето тело.

Оваа состојка може лесно да се испушти од амбалажата во водата која ја пиеме и да поттикне брз раст на бактериите, кои можат да го загрозат нашето здравје. Токму поради тоа експертите советуваат и избегнување на пиењето течности со пластични сламки. 

-Дури и производите на кои е назначено дека нема БПА не се целосно сигурни за користење бидејќи наместо БПА се користи заменска состојка која може на ист начин да го загрози здравјето – вели Кент Атертон, извршен директорна „Пјури Блок“.

ОВИЕ ШИШИЊА ЗАДОЛЖИТЕЛНО ФРЛЕТЕ ГИ ПО УПОТРЕБАТА

Голем дел од шишињата за минерална и обична вода, како и газирани и негазирани напитоци имаат назнака PET ( често и PETE) (со бр. 1 во триаголникот). Важно е да знаете дека тие се наменети исклучиво за еднократна употреба. Постои можност со секое следно полнење на вода да испуштаат тешки метали како антимон, хемиското соединение EPA, кое го попречува делувањето на хормоните. Таквите шишиња можат да испуштаат и канцерогени материи.

ОВАА ПЛАСТИКА Е БЕЗБЕДНА

Ќе ја препознаете по назнаките HDP ( или HDPE), LDPE и PP, или по броевите 2,4 и 5. LDPE e вид на пластика која, за жал, воглавно не се користи за изработка на шишиња, туку само за кесички за пакување на намирници. HDP е добар избор, како и PP која воглавно се користи за чаши за јогурт и е бела боја.

ОВАА АМБАЛАЖА ИЗБЕГНУВАЈТЕ ЈА СОСЕМА

Тоа е пластика со назнаката PVC (некогаш и 3V), PS и PC ( често и без назнака), или по броевите во тријаголникот – 3,6 и 7.

PVC испушта две опасни хемикалии, кои ја попречуваат работата на хормоните во организмот. И покрај овој факт таа сеуште се користи во производството на шишиња.

PS испушта во водата канцерогена материја – STIREN. Најчесто се користи за пластични чаши за кафе, за еднократна употреба или амбалажа за брза храна.

PC (или без назнака – број 7) е најлошата пластика за амбалажа на прехрамбени производи бидејќи испушта опасна хемикалија BPA. За жал, се користи за амбалажи за бебиња, шишиња за спортисти и садови за подготовка на храна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести