Дезинфицирани се 32 згради и градби, како и повеќе од 160 илјади квадратни метри внатрешен простор.

Објавил: admin@magazin | 5 април, 2020 12:35

ВИДЕО: Еве како руските стручњаци ги дезинфицираат зградите во Ломбардија!

Фото/Текст извор: ©Foto: EPA / RUSSIAN DEFENCE MINISTRY PRESS магазин.мк

Руските воени експерти дезинфицираа простори во саботата во старечки домови во три града Ломбардија – Казац, Грумело де Монте и Албано.

Воени епидемиолози и експерти од трупите за зрачење, хемиска и биолошка заштита на руското Министерство за одбрана заедно со италијански воени специјалисти целосно ги дезинфицирале домовите за стари лица во 27 населени места Ломбардија.

Дезинфицирани се 32 згради и градби, како и повеќе од 160 илјади квадратни метри внатрешен простор.

Исчистени се и повеќе од 14.000 метри квадратни поплочени патишта. Русија испрати големи количини на помош на Италија, а руската администрација изјави дека не бара ништо за возврат на оваа помош, вклучително и укинување на санкциите наметнати од земјите на Европската унија.

Во Италија се регистрирани 124.632 заразени со новиот коронарен вирус КОВИД-19 од почетокот на пандемијата, од кои 15.362 починале.

На 11 март, Светската здравствена организација ја објави епидемијата на нова инфекција со коронавирусна КОВИД-19. Коронавирус инфицирал 1.202.609 луѓе ширум светот, а 64.732 луѓе починале,

Најлоша состојба во моментот, според број на заразени лица, е во Соединетите Држави, каде што повеќе од 311.000 луѓе се заболени, по што следат Шпанија со 126.168 пациенти и Италија со 124.632 заразени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.