Од земјите што не се во Европска Унија најдобро платени (од годинава) се просветните работници од Косово, кои откако штрајкуваа се изборија за плати до 600 евра.

Објавил: Перо Милчин | 15 септември, 2019 13:38

ЕВЕ КОЛКУ ИЗНЕСУВААТ ПЛАТИТЕ НА НАСТАВНИЦИТЕ ВО РЕГИОНОВ!

Фото/Текст извор: ©факултети.мк

Платите на наставниците се потпросечни во земјава. Факултети.мк направи споредба помеѓу личните примања на колегите на нашите наставници во земјите од регионот.

Од земјите што не се во Европска Унија најдобро платени (од годинава) се просветните работници од Косово, кои откако штрајкуваа се изборија за плати до 600 евра.

Конкретно, воспитувачите во градинките имаат околу 540 евра, наставник во основно има 350 евра, а во средно помеѓу 585 и 620 евра. Косовските наставници го постигнаа тоа во февруари откако штрајкуваа и синдикатот за образование и владината коалиција се договорија. За илустрација, просечната национална плата во оваа земја е 504 евра.

Албанија, слично како нас, не може да се пофали со големи плати во образованието. Според информација од април, наставник во одделенска настава има плата од 34.000 до 39.300 леки (односно 280-322 евра), наставник во предметна настава до 345 евра, во специјално училиште – 370 евра, а исто толку се платени и во средните училишта. Просечната национална плата во Албанија е околу 330 евра.

Македонските просветни работници се меѓу најмалку платените во регионот. Според податоците што ги добивме од Синдикатот за образование и наука: 21.668 денари има наставник во основно образование, 22,558 – наставник во средно, додека наставниците во специјалните училишта – 22.700. Со последното покачување за воспитувачките и негувателките во градинките тие имаат малку повисоки плати од наставниците, односно 23.731 денари.

Според српски „Данас“, во Црна Гора во мај е исплатена плата од 513 евра, во Босна и Херцеговина во април – 470 евра.
Деновиве и во Хрватска наставниците го креваат својот глас за повисоки плати. Просечната исплатена плата во април изнесува 858 евра. Во Романија мајската плата изнесувала 657 евра.

Просечната плата во Грција, според податоците на СОНК, изнесува 938 евра, додека во Словенија околу 1.000 евра.

На 2 септември добар дел од наставниците го поддржаа предупредувачкиот штрајк во образованието. Доколку Министерството за образование и наука не ги зголеми платите за 25 отсто, СОНК најави генерален штрајк кон крајот на месецов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

„Основците добиваат нови учебници и помошни наставни материјали, значително е модернизирана настава во средното образование, со многу нови дуални паралелки и компании партнери на училиштата“, вели Јетон Шаќири, министер за образование.

Сите предмети во една книга – учебната година почна, учебници нема

Вака изгледа привремениот „учебник“ за петто одделение. Четири во едно,  македонски...

„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, велат од Владата.

Нема продолжување на учебната година

Владата на Република Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката...

Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи!

МТСП: Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи! Владата на Република...

МОН потсетува дека во периодот од 20ти до 30ти, односно 31ви во секој месец е отворена можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите оние студенти кои претходно не ги исполнувале условите, или од било какви причини не аплицирале.

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади корисници на ова право

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади...