Но, како што најавува претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија Ангел Димитров, некои наскоро може да бидат ослободени од овој финансиски товар.

Објавил: Владо Марин | 3 октомври, 2020 9:51

Еве колку ќе изнесува К-15 годинава- некои фирми годинава може да се ослободат од исплата

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Најниската сума што компаниите оваа година треба да им ја исплатата на своите вработени како регрес за годишен одмор се искачи на 10.700 денари. Растот на К-15 го предизвика зголемувањето на просечната нето плата во државата и покрај кризата предизвикана од ковид-19, објавува ВечерПрес.

Оваа сума според Колективниот договор за стопанството од приватниот сектор на сметките на работниците кои во иста компанија работеле најмалку шест месеци во текот на оваа календарска година треба да легне најдоцна до 31 декември.

Фирмите кои нема да го исплатат регресот ризикуваат да бидат казнети.

Но, како што најавува претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија Ангел Димитров, некои наскоро може да бидат ослободени од овој финансиски товар.

Тој информира дека во тек се преговори со Сојузот на синдикатите на Македонија за измени на Колективниот договор со кои само за оваа година, поради кризата предизвикана од пандемијата, би им се дозволило на некои фирми воопшто да не го исплатат регресот.

-Ние сме во преговори со ССМ за одредени допрецизирања на Општиот колективен договор со решенија само за оваа 2020 година да може да не се исплати К-15. Треба да утврдиме критериуми за тоа, но тие треба да бидат мерливи. Следната недела имаме состанок со ССМ за тоа, па ќе видиме, вели Димитров.

Тој очекува дека синдикалците ќе имаат слух за ова ситуација, зашто знаат дека има фирми кои не можеа да исплатат ниту плата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...