После скандалот со објавената снимка

Објавил: Узунов Бобан | 30 мај, 2019 16:54

Еве која е наследничката на Себастијан Курц во австриската Влада, првата жена премиер на Австрија

Фото/Текст извор: ©магазин

Претседателот на Австрија, Алекснадер Ван дер Белен денеска ја именува претседателката на Уставниот суд на земјата, Бригите Бирлајн за привремен австриски канцелар.

Брижит Бирлеин (родена на 25 јуни 1949 година во Виена) е австриски правник. Таа работела како главен  јавен обвинител на земјата, од 1990 до 2002 година, и член на извршниот одбор на Меѓународната асоцијација на обвинители од 2001 до 2003 година. Во 2003 година, Бирлајн постанала член на Австриски уставен суд. Од јануари 2018 година, таа служи како нејзин претседател што е првата жена што ја држи оваа позиција. Таа ќе биде назначена за привремен канцелар до следните национални избори во септември 2019 година и ќе биде првата жена во оваа улога во Австрија.

 

Бирлајн е претседателката на Уставниот суд на Австрија од февруари минатата година, а пред тоа пет години беше негова потпретседателка.

Владата на Бирлајн ќе има привремен карактер и таа ќе управува со земјата до одржувањето на предвремените избори, предвидени за во септември.

Бирлајн на канцеларската функција ќе го наследи Себастијан Курц, кој поднесе оставка на 27 мај, откако Долниот дом на австрискиот Парламент и изгласа недоверба на неговата Влада на предлог на опозициската Социјалдемократската партија на Австрија (СПО).

На оставката на Владата, претходеше повлекувањето на министрите од помалиот коалициски партнер во Кабинетот, Партијата на слободата на Австрија (ФПО), поради обелоденетиот корупциски скандал на досегашниот партиски лидер Ханс-Кристијан Штрахе.

На предвремените избори, според анкетите на јавното мислење, се очекува убедлива победа на конзервативната Австриска народна партија (ОВП) на Курц со околу 38 проценти од гласовите, пред социјалдемократите со 26 отсто и екстремно десничарската ФПО со 18 проценти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.