Пропустот е направен од страна на службите за протокол на Владата на Република Македонија и на Министерството за надворешни работи

Објавил: admin@magazin | 7 септември, 2018 17:02

Еве кој го утна знамето на Австрија и го обрука Заев пред Курц! (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©Слободен Печат

Вистински дипломатки скандал настана утринава при пречекот на австрикот канцелар Сетбастијан Курц, кој пред владата беше пречекан со знамето на Латвија наместо со знамето на Австрија.

Владата на Република Македонија упати извинување до Република Австрија за како што велат ненамерниот протоколарен пропуст.

Пропустот е направен од страна на службите за протокол на Владата на Република Македонија и на Министерството за надворешни работи, а до него дошло поради големата сличност во димензиите и колоритот на знамињата на Австрија и Латвија. – стои во соопштението на Владата.

Инаку шеф на протокол на премиерот е поранешната водителка и борец за правата на животните Иванна Хаџиевска, која го води секторот во владата одговорен за организација на ваквите активности. Што значи, за овој пропуст е одговорна токму таа. Ивана долго време беше и модел, а е сопруга на директорот на дневниот весник Слободен Печат.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести