Детално го испитав, за се па кога сфатив дека имал „милион“ жени, дека излегувал, патувал и правел сè што треба да направи еден млад човек, тогаш реков - супер.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 септември, 2020 19:13

ЕВЕ КОЈ Е СОПРУГОТ НА ВОДИТЕЛКАТА ОД ПРАКТИЧНА ЖЕНА- Исплива голема тајна, еве како тој изгледа!

Фото/Текст извор: ©брзиколачи.ср

Наташа Павловиќ, познатата водителка на српската емисија Практична Жена, во неколку наврати истакна дека разбирањето е клучот за хармоничен брак, а потоа во едно интервју имаше многу интересна презентација на оваа тема.

Наташа Павловиќ, водителката на популарната емисија „Практична жена“, веќе неколку години е во брак со српскиот продуцент Предраг Павловиќ.Наташа е поранешна глумица. Родена е во Загреб 1975 година. Пред да се омажи за Предраг, четири години била во брак со глумецот Марко Живиќ. Со Предраг Павловиќ има две деца.

– Кога еден млад човек ќе се заљуби, тој веднаш сака свадба и деца, бидејќи смета дека тоа ќе трае вечно. Сепак, важно е и двајцата да поминат толку многу што бракот подоцна би бил похармоничен и да знаат дека нема да „полудат“ во педесеттите години – истакнала таа за „Стори“, додавајќи дека во моментот кога започнала емотивна врска со сегашниот сопруг, сакала да знае што точно преживеал пред неа.

Детално го испитав, за се па кога сфатив дека имал „милион“ жени, дека излегувал, патувал и правел сè што треба да направи еден млад човек, тогаш реков – супер.

– Не дека не ми сметаше што имал толку многу жени во неговиот живот, но ми беше мило, бидејќи знаев дека ќе може да ме цени повеќе. Мислев дека научил што сака и што не сака, исто како мене – додаде Наташа, заклучувајќи ја приказната со зборовите:

Му ја раскажав и целата своја историја, само што моето минато не беше бурно како неговото. Но, имав многу можности да заклучам што сакам врз основа на искуствата мои и на моите пријатели. На триесет години, вие сте зрел човек, но сигурно не и пред тоа. Не велам дека не можете да најдете партнер за цел живот, но тоа е чисто коцкање. Секој ден, му благодарам на Бога што чекав и што ништо не направив набрзина – изјави на крајот за „Стори“ Павловиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.