По неговата дискусија Џафери повика пратениците да гласаат по што пратениците го донесоа Законот за јавното обвинителство со 80 гласови „за“ и 6 гласови „против“.

Објавил: Владо Марин | 17 февруари, 2020 6:50

Еве кои се петте пратеници кои не ГЛАСАА на првото гласање за законот за ЈО

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера на пладне беше изгласан Законот за Јавното обвинителство со 80 гласа ЗА, шест Против и без воздржани.

На почетокот од Седницата изгласаа само 74 пратеници, по што претседателот Џафери го поништи, бидејќи како што рече, не видел дека пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ, побарала процедурално да говори.

Џеват Адеми, Али Ахмети, Амди Бајрам, Љиљана Поповска и Самка Ибраимовски се петте пратеници кои не гласале на првото гласање за Законот за ЈО а пратеникот Узеири – Ферати Мерал воопшто и не бил присутен во салата според официјалните податоци и официјалниот листинг од гласањето во Собранието на Република Македонија.

Претседателот на Собранието Талат Џафери го потпиша решението за распишување на изборите на 12 април, како што беше договорено нивното одржување од страна на најголемите политички партии во земјава. Џафери го потпишал решението почитувајќи ги роковите за одржување на изборите на 12 април, откако претходно пратениците гласаа за распуштање на Парламентот во пресрет на предвремените парламентарни избори.

По неговата дискусија Џафери повика пратениците да гласаат по што пратениците го донесоа Законот за јавното обвинителство со 80 гласови „за“ и 6 гласови „против“.

Веднаш потоа на говорницата излезе пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски и почна да вика „криминалци, криминалци“.

Претседателот Стево Пендаровски, вчера попладне ги потпиша Указите за прогласување на повеќе закони кои беа усвоени во Собранието.

Потпишани се законите за јавното обвинителство како и изменувањето и дополнувањето на Законот за Советот на јавните обвинители, информираат од кабинетот на Пендаровски.

Меѓу потпишаните укази се и Законот за неевидентирани лица во матична книга на родени; Закон за изменување и дополнување на Изборниот законик; Закон за изменување и дополнување на Законот за одбрана; Закон за изменување и дополнување на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците; Закон за изменување на Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги; Закон за заштита на личните податоци; Закон за изменување и дополнување на Законот за урбано зеленило; Закон за управување со движењето на предметите во судовите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Закони

Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови од 1 мај до 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, како и вечерта на 12 мај за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.

Се отвораат терасите на кафеаните и кафулињата, јавниот превоз до 21 часот

На вчерашната 67 седница, Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести...

Државниот пазарен инспекторат спроведе 4.591 контроли и 623 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи и закони.

Инспекциите спроведоа вкупно 6.038 контроли и надзори, затворени се три угостителски објекти за непочитување на новите рестриктивни мерки

По една недела од воведувањето на новите рестриктивни мерки за  заштита на здравјето...

Министерот Филипче на прес-конференција ќе ги соопшти деталите, односно колку време ќе трае овој нов полициски час.

МАКЕДОНИЈА ПОД КЛУЧ: Владата го усвои предлогот – од утре полициски час од 20 часот

Владата на денешната седница го усвои предлогот на кризниот штаб, и одлучи од утре ...

Мицевски го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека пописот ќе биде нереален и упати критики дека ниту еден нивни амандман не бил прифатен.

Попис во април, Собранието со 62 гласа „за“ го изгласа Законот

Со 62 гласа „за“ Собранието денеска го изгласа Законот за попис на населението и домаќинствата,...