Дали Заев ќе ја активира партиската метла ?

Објавил: Узунов Бобан | 24 април, 2019 17:43

Еве му шанса на Заев да ја активира метлата, Антикорупциска утврди дека функционери од власта незаконски вработувале роднини ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Многу сомнителни вработувања на роднини на функционери откри антикорупциската комисија. Кај министерот за економија Крешник Бектеши е најконкретен пример за влијание при вработувањето на неговата сестра Воре Бектеши. 

Премиерот Зоран Заев покрај политичките причини со дебаклот на првиот круг на претседателските избори, сега има и правна основа да разреши министри и пратеници од актеулната власт за кои Антиокорупциска комисија утврди дека ги прекршиле законските одредби при вработувањето на свои блиски роднини. Еве му шана на Заев да ја активира метлата

Бектеши како министер можел да врши директни притисоци во МЕПСО оти токму неговото министерство ги креира енергетските политики.

Како сомнителни се и вработувањата на роднини на пратеникот и секретар на СДСМ Александар Кирацовски. И вработувањето на неговиот дедо Борче Поповски во ЕЛЕМ Новаци, и сестрата Мирјана Јосифовска во централен регистар и мајката на сопруга на Кирацовски Мери Поповска за ДКСК се со индиции за непотизам.

По едно сомнително вработување има и кај пратеникот и портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов и пратеничката Мира Стојчевска. При Вработувањето во ЕЛЕМ на братот на Стојчевска и унапредувањето на нејзиниот сопругот, антикорупционерите не утврдиле неправилности. Но за нејзиниот син во ЕЛЕМ е креирано ново работно место.

Антикорупционерите уште објавија дека нема нерегуларности при вработувањата на ќеката на претседателот на собранието Талат Џафери, Бесијана во ЕЛЕМ и кај вработувањето на синот на пратеникот Горан Мисовски, Кристијан во агенцијата за супервизија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести