Се заплетува скандалот со наводното местење тендер на генералниот секретар на Владата Рашковски

Објавил: Узунов Бобан | 2 јули, 2019 10:20

Еве на кои 8 прашања треба да одговори Драги Рашковски на денешната прес конференција

Фото/Текст извор: ©магазин

Скандалот со наводното местење тендер на генералниот секретар на Владата Драги Рашковски наместо да добива инстутиционален одговор, преписките и оправдувањата се одвиваат преку фејсбук статуси и прес конференции. Магазин се консултираше со експерти од областа на јавните набавки кои отворија неколку дилеми за улогата на генералниот секретар  за учество во тендерска постапка во институција во која тој ниту по закон ниту по статут на М-НАВ нема никакви надлежности.      

Магазин поради јавниот интерес поставува прашања кои се поставуваат од објавениот аудио разговор помеѓу Драги Рашковски и директорот на М-НАВ Николче Тасески. 

  1. Под претпоставка дека Драги Рашковски нема никакви законски овластувања да го води 7 милионскиот тендер, дали слушнал за кривичното дело-Противзаконито посредување од членот 359 од Кривичниот законикТој што со искористување на својата службена или општествена положба или влијание ќе посредува да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши или да не се изврши службено дејствие што би морало да се изврши, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години ?
  2. М-НАВ е акционерско друштво во 100 % државна сопственост каде го раководи Управниот одбор чиј претседател е Николче Тасески и Надзорниот одбор. Според Законот за трговски друштва, целосната одговорност за управувањето и контролата на работењето е на Управниот односно Надзорниот одбор ? Од каде се овластувањата на Рашковски како ген-ген сек на Влада да се интересира за тендерската постапка на М-НАВ, и второ зошто Николче Тасески од позиција на претседател на Управниот одбор имал потреба да се договора со Рашковски за тендерските услови ?
  3. Драги Рашковски преку фејсбук статус објави дека  “преку Климент Чепуњовски се сакаше да се предизвика инцидент и загрозивање на човечките животи на небото?“. Ако Рашковски имал сознанија за вакви сериозни обвинувања за загрозени човечки животи, дали навремено, а не после објавување на аудио снимката ги известил надлежните органи
  4. Како се дозволило со изминат рок од 3 дена да се прифати понуда на фирма ? 
  5. Како е можно со заклучок на Влада да се изменуваат условите претходно утврдени во тендерската документација.
  6. Зошто е прифатена поскапата понуда од 1 милион евра на италијанската фирма ако се знае дека во Законот за јавни набавки основен критериум е најниската цена, и кој исклучок е определен за да не се избере најефтината понуда ?
  7. Ако знаел менаџментот дека со италијанската комапнија имале негативни искуства, дали тие негативни искуства ги впишале како негативни референци (според законот за јавни набавки) во претходно тендерски постапки, и дали италијанската фирма учествувала на тендер со негативни референци ?

и на крај дали Драги Рашковски  чувствува политичка и морална одговроност да поднесе оставка поради тоа што со расистички изјави го навредил италијанскиот народ и држава за што пишуваше и италијанскиот печат.  

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.