Убиството се случи од 19:45 до 20:05. Ние во 19:45 разговаравме последен пат со Александар Наќевски, заедно со мојот другар. Ни рече

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 април, 2020 17:11

Еве се пакуваме доста рипче фативме, тргаме за кратко- ова е последниот разговор на момчињата од Смилковско со другарите!

Фото/Текст извор: ©досие.мк

Вчера беше годишнината од свирепото убиство на момчињата и рибарот кај Смилковско Езеро. За убиството се води судски процес кој иако се врака на почеток и трае долго не даде ниту еден одговор на дилемата за мотивот на убиството.

Досие разговараше со еден од пријателите на момчињата кој и по толку години е потресен од она што се случи вели дека е последниот другар со кои тие разговарале. Дваесетина минути подоцна се разбрало дека нешто се случило.

Вчера навршија осум години од петкратното убиство кај Смилковското езеро..

Убиството се случи од 19:45 до 20:05. Ние во 19:45 разговаравме последен пат со Александар Наќевски, заедно со мојот другар. Ни рече

Еве се пакуваме доста рипче фативме , тргаме за кратко накај наслеба, почекајте не…

Во 20.05 кога звоневме кај Александар телефонот му беше исклучен , како и на другите . Само на Филип Славковски звонеше телефонот но никој не се јавуваше. Во тие 20 тина минути биле убиени, сведочи за Досие, другар на Александар.

Сите приказни за нивна наводна вмешаност во некакви други ситуации или одмазди се едноставно голема лага и конструкција. Беа убиени . Тоа беше терористички обред – вели нашиот соговорник со кого Досие разговараше кој во понатамошните наши истражувања ќе го открие идентитетот. Во иднина ќе изнесеме и нови детали се со цел да се дојде до вистината кои и зошто ги уби децата и дали на самото место биле многу повеќе луѓе отколку што се сега во судница. Едноставно децата биле во погрешно време на погрешно место и се жртва за нечии повисоки цели.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...