Најнов корона пресек!

Објавил: Перо Милчин | 4 јануари, 2022 15:01

Евидентирани 1.197 нови ковид-случаи, кај деветмина е детектиран омикрон

Фото/Текст извор: ©магазин

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.483 тестирања, а регистрирани се 1.197 нови случаи на ковид. Вкупно 766 лица од новозаразените се од Скопје.

Во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот Омикрон на вирусот SARSCoV2.

Во лабораторијата изработени се 24 примероци позитивни на SARSCoV2, примероците се од пациенти од Скопје, Кочани, Велес, Гевгелија и Богданци.

Од вкупниот број тестирани, кај 9 пациенти, детектирана е Омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 37,5 отсто од позитивните примероци. Сите позитивни пациенти се од Скопје, а еден е од Кочани.

Регистрирани се и 366 оздравени лица, а во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица –  по три починати лица од Скопје (на 55 годишна возраст, на 82 годишна возраст како и на 88 годишна возраст) и Битола (на 60 годишна возраст, 69 годишна возраст и на 90 годишна возратс), две лица од Охрид (68 години и 79 години) и по едно починато лице од Прилеп (68 години), Велес (68 години), Валандово (41 година) и Струга (88 години). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.619.276 тестирања на ковид. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 227.168, бројот на оздравени пациенти е 213.505, на починати е 7.996, а бројот на активни случаи изнесува 5.667“, информираат во Министерството за здравство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...

Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија.

Мајката на екс економскиот директор на Онкологија во систем била заведена со дијагноза рак на бели дробови, иако не била онколошки пациент

Мајката на поранешниот организациски директор на скопската Клиника за онкологија,...