„По завршувањето на главниот дел од масовната вакцинација во Русија, РДИФ може да ја снабди ЕУ со 100 милиони дози вакцина Спутник за 50 милиони луѓе во вториот квартал“, (ако ЕМА одобри), наведува РДИФ на Твитер.

Објавил: Перо Милчин | 29 јануари, 2021 21:30

ЕВРОПА ИЗВИСЕНА ЗА ВАКЦИНИ: Москва нуди 100 милиони дози вакцини

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Русија може да и обезбеди на Европската унија 100 милиони дози од својата вакцина Спутник V против коронавирус во вториот квартал, објави производителот, Рускиот фонд за директни инвестиции.

„По завршувањето на главниот дел од масовната вакцинација во Русија, РДИФ може да ја снабди ЕУ со 100 милиони дози вакцина Спутник за 50 милиони луѓе во вториот квартал“, (ако ЕМА одобри), наведува РДИФ на Твитер.

Вакцината Спутник V е регистрирана во 15 земји и неодамна е доставена документација до Европската агенција за лекови за регистрација на оваа вакцина во ЕУ.

Унгарија е првата членка на ЕУ што ја одобри оваа руска вакцина.

Светската здравствена организација (СЗО) се надева дека ќе одобри итна употреба на вакцината Астразенека против коронавирус во следните две недели, изјави денес главната научничка на таа агенција при ООН, Сумија Сваминатан.

„Се надевам дека тоа ќе се случи во следните две недели, ако сè оди според планот“, рекла таа, пренесува Ројтерс.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.