Агенцијата за промоција на туризмот очекува годинава да се надмине ланската бројка на странски и домашни гости и таа да достигне вкупно над милион домашни и странски туристи.

Објавил: Весна Петровска | 28 мај, 2019 17:15

Евтино, а наше: Плажа која мора да ја посетите – Дојран во ново руво

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Доколку ова лето не заминете некаде надвор на одмор, ви советуваме да ја посетите новата атрактивна плажа во Дојран.

Фотографиите се од Свети Никола Бич Бар во Дојран. Градот кој минатата сезона беше вистински туристички хит, мами со ниските цени, песочните плажи и вкусната храна.

Ова се цените кои се очекуваат годинава да бидат на сите туристички места во земјава.

Агенцијата за промоција на туризмот очекува годинава да се надмине ланската бројка на странски и домашни гости и таа да достигне вкупно над милион домашни и странски туристи.

Годинава цените на приватното сместување низ Охрид не се многу различни од ланските и се движат од 300 до 400 денари за легло во приватна соба. Во апартманите креветот чини поскапо и во зависност од опременоста се нуди од 500 до 1.000 денари по лице.

Што се однесува за изнајмување на еден апартман или стан во централното градско подрачје тоа ќе ве чини од 20 до 60 евра на ден, додека луксузните апартмани крај езерскиот брег чинат и до 100 евра дневно.

Охрид и годинава е најпривлечен за младите, но сепак имаме и гости од повозрасна категорија, како и семејства со деца.

Од Туристичкото биро во Стар Дојран потсетуваат дека на туристите годинава им се нудат околу 6.000 легла во 250 објекти од приватното сметување и осум хотели од кои 6 во Стар Дојран и два во Нов Дојран.

Според нив во приватното сместување леглото чини од 250 до 300 денари, а во студијата и апартманите се нудат од 1.200 до 1.500 денари.

И на Преспанскиот брег има гости, Најпосетени се плажите во Претор, Стење, потоа така наречената Сливничка плажа и секогаш актуелната Долно Дупени бич која важи за најголема песочна плажа во Македонија и една од најубавите плажи на Преспанското Езеро.

Гостите на оваа плажа ќе уживаат во бистра вода, ситен песок, а од таму може да се посети и Островот на змиите од каде се стигнува за час и половина.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.