ТВ Шења објави дека загинатиот е близок роднина на Камер Идризи кој лани исто за време на рамазанските пости беше жртва на оружен напад во Чаир.

Објавил: Мате Парлоф | 26 април, 2022 5:41

Еден загинат во вооружен напад во чајџилница во Чаир

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во престрелка во Чаир доцна синоќа, еден е загинат, а уште двајца се ранети. Станува збор за вооружен напад врз жртвите кои седеле во чајџилница во близина на основно училиште.

Од МВР без многу детали го потврдија инцидентот.

Вечерва во СВР Скопје е пријавено пукање од огнено оружје во чајџилница на ул. Браќа Реџепагиќ во Скопје, при што, според пријавеното се повредени три лица, а едно од нив починало од повредите. Полициски службеници се упатени на местото на настанот за расчистување на случајот.

ТВ Шења објави дека загинатиот е близок роднина на Камер Идризи кој лани исто за време на рамазанските пости беше жртва на оружен напад во Чаир.

Претходно за Камер Идризи беше објавено дека бил цел на оружен напад заедно со уште 4ца во хотелот Александар Палас преклани кога беше инволвиран и полицаец во инцидентот.

Убиството на Камер Идризи се уште не е расветлено, а првичните информации беа дека убиството е резултат на пресметка меѓу две криминални групи во Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...