Во текот на овој месец ќе започнат и градежните работи за реконструкција на делницата на потегот од Групчин кон Сарај

Објавил: Македонка Димкин | 14 јуни, 2018 10:39

Еден милион евра , за ревитализација на автопатот Скопје – Тетово!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Aвтопатот Скопје – Тетово во должина од 17 километри се ревитализира  и инвестицијата е во вредност од 1,1 милиони евра, средства обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), информираат од Министерство за транспорт и врски.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески истакна дека во западниот дел на државата се инвестираат преку половина милијарда евра за изградба и реконструкција на патната мрежа на Коридор 8.

Покрај реконструкцијата на автопатот од Скопје до Тетово, во втората половина на годината преку ЈПДП ќе се распише тендер за проектирање за реконструкција на патот од Тетово до Гостивар на ниво на стандарден автопат.

„Во меѓувреме се работи на реконструкција на државниот пат од Гостивар до Кичево, со вкупна вредност на инвестицијата од преку 6 милиони евра. Во тек е и проектирање за изградба на нов автопат од Гостивар до Кичево и секако продолжуваме со изградба на автопатот од Кичево до Охрид“, изјави Сугарески.

Директорот на ЈПДП, Зоран Китанов истакна дека од вкупната должина до сега се асфалтирани 9 километри и се очекува до крајот на јуни реконструкцијата на делницата на потегот од Скопје кон Тетово да е комплетно завршена.

„Во текот на овој месец ќе започнат и градежните работи за реконструкција на делницата на потегот од Групчин кон Сарај“, изјави Китанов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...