„Србија, Македонија и Албанија имаат иницијатива со која ги канат останатите 6 земји да пристапат, вели Заев.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 ноември, 2019 13:33

ЕДИ РАМА: Не е ова МИНИ-ШЕНГЕН, бидејќи сум висок не сум се чувствувал мини или мал!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонскиот премиер Зоран Заев по средбата во Охрид со лидерите на Албанија, Еди Рама, и на Србија, Александар Вучиќ, рече дека огромна чест е во Охрид да се имаат лидерите на Западен Балкан.

Како да ги мотивираме младите да останат тука, како да ги примами странските инвеститори, поголемо внимание. Отворена е иницијатива или акциски план којшто создава навистина поразличен Балкан од тој што го знаеме, рече Заев по денешната средба со лидерите на Западен Балкан.

„Србија, Македонија и Албанија имаат иницијатива со која ги канат останатите 6 земји да пристапат. Балканот се менува, кон подобро место за живеење и позначаен фактор на цел европски континент. Акцискиот план предвидува нон-стоп работење на граници, со лична карта движење низ регионот, брзи траки на камиони, со конечна цел голема мобилност на капиталот, стоките.“, рече Заев.

Косово греши што не учевствува во иницијативата за регионална соработка и на следниот самит во Драч треба да ја поправи грешката, порача албанскиот премиер Еди Рама, на заедничката прес-конференција на денешната втора средба во рамки на регионалната иницијатива за соработка, оддржана во Охрид.

-Не е идејата да го поделиме Западен Балкан, туку да ги опфатиме сите земји од Западен Балкан. Немаше пречка претседателот или премиерот на Косово да учествува во дијалогот и да се усогласи со сите останати за сите елементи.

Се сеќавам дека потребно беше време претставниците на Косово да бидат прифатени на иста средба со тогашните авторитети од Србија и Босна, бидејќи ниедна од страните не сакаа да седнат на иста маса. Сега учеството на Косово не е ставено под прашање и не можеме да го разбереме сето тоа, не го гледам интересот од враќањето назад – рече тој.

Рама вели дека Косово и Албанија треба да ги штитат економските и социјалните интереси на своите граѓани кои поминуваат низ процес на интеграција, а не исклучување.

Дали граѓаните на Косово сакаат да чекаат ред на граница или да се отворат границите? Не е ова мини-шенген, бидејќи сум висок не сум се чувствувал мини или мал. Но, може да се каже Западен Балкан-шенген при што слободно ќе биде движењето во цел регион – рече албанскиот премиер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.