-Ове се избори кои ќе и одржат лекција на политиката дека националниот е над секој личен интерес, посочи Рама,кој „бомбардиран“ од прашања ги замоли новинарите да му го ослободат патот и замина.

Објавил: Перо Милчин | 30 јуни, 2019 12:50

ЕДИ РАМА СО НОВА МОДА: Дојде на гласање со панталони до колена и високи чорапи!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Албанскиот премиер Еди Рама откако заедно со сопругата Линда, го остварија гласачкото право, на прашања од новинарите, тој искажа убеденост дека во Албанија се случува нешто историско и оти никогаш интересите на една политичка партија или политички сметки, не можат да бидат во судир со националниот интерес.

Албанскиот премиер Еди Рама, денеска во Албанија се најде во центарот на вниманието поради стајлингот во кој дојде на гласањето и веднаш на социјалните мрежи постана мета на модните стилисти.

Тој носеше сако, панталони до колена и високи чорапи. Исто така и неговата сопруга Линда, ја изненади јавноста со својата чудна облека.

-Денеска е многу важен ден за Албанија. Верувам дека овој ден еднаш засекогаш ќе потврди дека со народот никој не може да се поигрува. Суверенитетот на народот не е празен збор, и кој се обидува да му ја одземе сувереноста на народот, нема друг крај освен крај со неуспех и срам. Важно е да се почитува правото на секој граѓанин да гласа или да не гласа. Историјата ни кажува дека овие избори се избори за Албанија што ја сакаме за сите наши деца, изјави за новинарите Рама.

Во Албанија денеска се одржуваат локалните избори со учество само на албанското мнозинство. Процесот на гласање официјално започна утринава во 07:00 часот, а ќе трае до 19:00 часот, јавува БалканВеб.
Албанските граѓани ќе гласаат за избор на 61 градоначалник.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.