Парламентарните избори ќе се одржат во јуни 2021 година, никако порано, вели Рама.

Објавил: admin@magazin | 2 октомври, 2019 18:41

ЕДИ РАМА СО НОВ МОДЕН СТИЛ: Се појави во емисија во живо со црни тренерки и бела брада!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Албанскиот премиер Еди Рама, моментално е еден од нај коментираните премиери во регионот кога се работи за неговиот стајлинг.

Вчера вечер на интервју за Report TV, албанскиот премиер Еди Рама се појави со нов моден стил и по кој знае кој пат ги привлече медиумите и јавноста. Во емисијата се појави со црни тренерки комбинирани со истата боја на сако, но и со бела брада.

Тој зборуваше за одлуката на Венецијанската комисија, за отворање на преговори и за актуелната политичка криза. 

Парламентарните избори ќе се одржат во јуни 2021 година, никако порано.

Ова е одговорот на албанскиот премиер Еди Рама, со кој ги отфрли гласините дека може да има предвремени избори по усвојувањето на изборните реформи и најавата на опозицијата дека се подготвува за предвремени парламентарни и локални избори на ист датум.

-Изборите ќе бидат во 2021 година што се однесува до СП, дотогаш може да се случат многу нешта, но она што го знаеме денес, изборите ќе бидат во јуни 2021 година,одговори тој на новинарско прашање гостувајќ во телевизиска емисија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.