Еден 27-годишен маж загина во југоисточна Италија во обид да изгасне пожар предизвикан од огномет.

Објавил: admin@magazin | 1 јануари, 2020 18:18

Една жртва и над 200 повредени од петарди во Италија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што соопшти денеска италијанското Министерство за внатрешни работи, за новогодишната ноќ едно лице загина, а повеќе од 200 луѓе се повредени од петарди од кои 11 се здобиле со сериозни повреди.

Еден 27-годишен маж загина во југоисточна Италија во обид да изгасне пожар предизвикан од огномет.

Ова е првиот смртен случај за Нова Година во Италија по 2013 година. Вкупниот број настрадани лица со години не се менува, но споредено со минатата година е намален за 12 лица.

НАД 60.000 ГРАЃАНИ ЈА ДОЧЕКАА НОВАТА 2020 ГОДИНА ВО СКОПЈЕ СО СПЕКТАКУЛАРНО ШОУ НА ДИНО МЕРЛИН

Во организација на Град Скопје, над 60 000 граѓани од земјава и од странство ја дочекаа Новата 2020 година во главниот град на плоштадот „Македонија“ со неверојатно шоу и вонвременските хитови на големата музичка ѕвезда, Дино Мерлин.

Веселата атмосфера со пеењето на неговите хитови на новогодишната ноќ дополнително ја кренаа сценските ласери и повеќе минутниот огномет со кои се означи почетокот на новата година.

Граѓаните во весело расположение си посакаа многу среќа, добро здравје и успеси во Новата 2020 година.
Градот Скопје и тимот на Дино Мерлин Ви посакуваат среќна и бериќетна Нова 2020 година исполнета со добро здравје, многу љубов и голем успех.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...