среда, 24 април 2024

MK/ EN/ DE



Постоечките банкноти во апоени од 500 евра ќе продолжат да бидат законско платежно средство, што значи дека граѓаните и понатаму ќе можат да ги користат за плаќање или за штедење.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 април, 2019 15:40

Една од највредните банкноти заминува во историјата- ќе се издава само уште 4 дена

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

До петок 26. Април, Централната банка на Германија (Бундесбанка) и Централната банка на Австрија ќе ја издаваат банкнота од 500 евра, со што после тоа ќе престане издавањето на оваа банконота.

Во јануари годинава, дури 17 централни банки во еврозоната го запреа издавањето на банкнотата од 500 евра по одлука на Европската централна банка (ЕЦБ), а германската и австриската банка беа избрани да продолжат со печатење на банкнотата поради непречена транзиција и од логистички причини, но од петок натаму и тие ќе се приклучат на земјите кои ќе престанат со издавање на 500 евра.

Како што пренесува Ројтерс банкнотата нема да се печати поради виолетовата боја на банкнотата, која криминалците најмногу ја користат за перење пари, па дури и за финансирање на терористички активности.

Постоечките банкноти во апоени од 500 евра ќе продолжат да бидат законско платежно средство, што значи дека граѓаните и понатаму ќе можат да ги користат за плаќање или за штедење. Банките, менувачниците и другите комерцијални странки, како што соопшти ЕЦБ, ќе можат да ги зачуваат во оптек постоечките банкноти од 500 евра.

Банкнотата од 500 евра  ќе ја задржи својата вредност и ќе може во секој момент да се замени во која било банка во еврозоната.

Европската централна банка во 2016 година одлучи да го запре издавањето на банконотата откако утврди дека поради вредноста и лесниот транспорт се користи за перење на пари, но  и за финанисрање на тероризам.

„Таквите банкноти се омилен механизам за плаќање на оние кои се занимаваат со незаконски активности, со оглед на релативната леснотија со која може да се транспортираат и префрлат“, се наведува во неодамнешната објавена студеија на Хардвард Универзитетот.

Лани над 30 отсто од 1.000 милијарди евра готовина во оптек биле во апоени од 500 евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.