Според податоците на ИЈЗ како најчест симптом се јавува температурата, која ја имале 65,6 од заразените.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 септември, 2020 10:06

Една четвртина од заболените со Ковид-19 немале никакви симптоми

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска од Институтот на Јавно здравје, информираа дека дури една четвртина, или 4.321 од дијагностицираните лица со вирусот ковид-19 немаат симптоми.

Според податоците на ИЈЗ како најчест симптом се јавува температурата, која ја имале 65,6 од заразените.

42,9 проценти почувствувале малаксаност, 38,6 отсто кашлица, 15,4 проценти главоболка, 14,9 болка во грлото, ослабено чувство на мирис или вкус се јавиле кај 11,7 проценти од заразените.

Се поголем е бројот на асимптоматските случаи на Ковд 19 во земјава…

Инаку вчера беа регистрирани се 152 нови случаи на ковид-19, починаа  2 лица.

 

Досега во земјата се направени вкупно 181.034 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17200, бројката на оздравени пациенти е 14312, на починати е 712, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2176.

Министерот за Здравство најави дека доколку продолжи да се зголемува бројот на заболени на дневно ниво ќе се воведат нови рестриктивни мерки. Тој апелираше до граѓаните да се почитуваат мерките за заштита, и да не се дозволи преполнување на болниците.

Да не дозволиме да се преполнат болниците. Системот не може без граѓаните и сите сме важни во овој процес. Да ги почитуваме мерките бидејќи тоа истовремено значи почит и за здравствените работници. Секој од нас мора да ја разбере сериозноста на она што ни претстои.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.