Учесниците на протестот го извикуваат името на претседателот, „Македонија“, „Едно име имаме“, и „Предавници“.

Објавил: admin@magazin | 18 јуни, 2018 21:35

„Едно име имаме“ ечи пред Собрание- продолжуваат протестите

Фото/Текст извор: ©МИА

Граѓани и вечерва се собираат пред зградата на Собранието на Република Македонија за да изразат несогласување со потпишаниот договор за менување на името на државата.

Протестот почна во 20:00 часот со блокада на булеварот „11 Октомври“, а во исто време припадниците на полицијата се распоредија пред зградата на Парламентот.

Учесниците на протестот го извикуваат името на претседателот на државата, „Македонија“, „Едно име имаме“, и „Предавници“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести