Едното е на возраст од 11 години првично задржано во болницата за Ортопедија и труматологија “Св.Еразмо” во Охрид со скршеници на ногата и потрес на мозокот.

Објавил: Перо Милчин | 25 декември, 2020 11:59

Едно од прегазените братчиња со тешки повреди, додека другото е во животна опасност

Фото/Текст извор: ©магазин/ohrid1

Двете момчиња кои синоќа беа прегазени на улицата “Железничка” во Охрид се борат за живот.

Едното е на возраст од 11 години првично задржано во болницата за Ортопедија и труматологија “Св.Еразмо” во Охрид со скршеници на ногата и потрес на мозокот.

Тоа според извори на болницата во костозглобна во стабилизирана состојба во текот на ноќта беше транспортирано во Скопје.

Додека пак другото братче е на возраст од 19 години  е со тешки повреди на главата. Веднаш  бил префлен на неврохируршка клиника во Скопје, но на инсистирање на родителите најверојатно момчето ќе биде пренесено во Систина. Тој е во животна опасност.

Охридската јавност е видно вознемирена од овој трагичен настан дотолку повеќе што двете лица според првите неофицијални информации се прегазени додека оделе на тротоар.

Во исчекување на официјална информација од полицијата ( која скоро 12 часа нема испратено официјално соопштение), на социјалните мрежи вниманието веќе се насочува кон Судот кој има имиџ на една од најкорумпираните институции каде одговорните доколку имаат пари лесно со купуваат пресуди.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...