На вчерашните избори во Уругвај имаме и наш, македонски кандидат за претседател на државата. Станува збор за Ернесто Талви, еден од најсериозните кандидати, кој секаде гордо истакнува дека татко му е Македонец од Скопје.
BBC пишува за него дека е економист кој завршил во Чикаго, син на имигранти од Македонија и Куба. Tаткото, роден скопјанец, се викал Мануел Талви и има еврејско потекло.
Кандидиран е од една од најстарите и најуспешни партии во Уругвај, партијата Колорадо. Засега е трет и веројатно нема да влезе во вториот изборен круг.
Во претседателската трка, кандидатите исто така мора да добијат најмалку 50% од гласовите за да избегнат втор круг на изборите на 24 ноември.
На изборите ќе бидат решени и сите места во Претставничкиот дом и во Сенатот.
Како што пишува „Би-Би-Си“, Талви е економист кој се едуцирал во Чикаго, Талви е син на имигранти од Македонија и Куба.
Ја насочи својата кампања за едукација, со цел да создаде 136 јавни средни училишта во лишени населби. Повика на помалку тежок пристап кон програмите за криминал и рехабилитација на затворениците, пишува „Би-Би-Си“ за кандидатот со македонско потекло.
Tаткото на Ернесто, Мануел Талви, има еврејско потекло и е родум Скопје.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.