Но тоа што знаеме цело време е дека Владата продолжува редовно да се задолжува на домашниот пазар, а економијата да оди во негативен правец.

Објавил: Рејхан Бајрами | 7 февруари, 2019 12:35

Економијата во Македонија на стаклени нозе. Задолжување за нови 26 милиони евра

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Задолжувањата на владата на Република Македонија не престануваат. Економијата секој ден се повеќе тоне.

Владата на Република Македонија се задолжи за нови 26 милиони евра а во државата до сега, нема ни трага ни глас од ветените капитални инвестиции.

Ново задолжување на владата од скоро 26 милиони евра, стои на официјалната страница на Народна Банка на Република Македонија.

Инвестициите останаа мисловна именка која не знаеме дали допрва ќе се реализираат.

Но тоа што знаеме цело време е дека Владата продолжува редовно да се задолжува на домашниот пазар, а економијата да оди во негативен правец.

На официјалната страна на Народна Банка на Република Македонија објавена е аукција на државни хартии од вредност во износ од 1.600.000.000 денари или скоро 26 милиони евра. 

Ако на крајот од 2017-та година долгот изнесувал 4,86 милијарди евра, 2018-та година ја завршивме со долг од 5,2 милијарди евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...