оД вмро додаваат дека граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобро.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 август, 2019 11:22

“Економијата во Македонија e пред колапс а криминалците од власта бројат милиони”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонската економија е пред колапс. Економијата во Република Македонија e жртва на криминалот и корупцијата на власта предводена од аболицираниот Зоран Заев. Штетните политики на криминалната банда на власт негативно се одразуваат на животот на нашите граѓани за кои СДСМ донесе само беда и сиромаштија,стои во соопштението на ВМРО.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Од Вмро велат катастрофалнa e бројката од 500 илјади граѓани кои живеат во сиромаштија, граѓани кои денот го поминуваат со еден оброк, поради ксако што велат криминалците од власта кои ги бројат милионите на своите сметки , а се заработени на грбот на граѓанинот преку криминални тендери и грантови.

Граѓаните не можат да си дозволат да отидат на годишен одмор, а повеќе од 80 проценти од нив размислуваат и бараат начин како да ја напуштат Република Македонија.Нивото на реализација на капиталните инвестиции за првите 6 месеци е под 20 проценти, ова е доказ дека Владата на аболицираниот Заев не работи ништо. За исто време власта ги задолжува граѓаните за милионски суми, пари кои завршуваат во џебовите на партиските и државните функционери од СДСМ преку криминални зделки.Да се даде државната каса на човек кој е два пати амнестиран за економски криминал е вистинска лудост. Македонската економија со Зоран Заев на чело на министерството за финансии ќе го допре дното. Со ова криминалната банда на власт го достигнува врвот на своите анти-економски политики.

оД вмро додаваат дека граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобро.

Заслужуваат држава во која ќе имаа пристоен живот за нив и нивните најблиски, држава во која нема да бидат принудени да размислуваат како ќе го поминат месецот. Младите заслужуваат држава во која нема да планираат како да си заминат, туку ќе ја планираат својата иднина. Ова не може да се случи со Зоран Заев како премиер и министер за финансии. На Македонија и е потребна промена, време е да се стави крај на криминалната транзиција и транзиционите политичари. Време е успешна и економски силна Република Македонија.ц

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести