ЕРГОС Скопје во партнерство со Центарот за одржлив развој Елипса досега реализицираше 12 прелети со еко дрон над земјоделските површини во околината на градот и не е забележано ниту едно палење на стрниште или создавање на нова дива депонија.

Објавил: Владо Марин | 13 септември, 2020 10:39

ЕКО ДРОН ПАТРОЛА НА ГРАД СКОПЈЕ И ЕРГОС ВО ПОТРАГА ПО ЗАГАДУВАЧИ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Градот Скопје во соработка со здружението ЕРГОС Скопје започна еко дрон патрола, односно прелети со дрон низ територијата на Скопје во потрага по потенцијални загадувачи, огнови на отворено и можни создавања на диви депониии.

ЕРГОС Скопје во партнерство со Центарот за одржлив развој Елипса досега реализицираше 12 прелети со еко дрон над земјоделските површини во околината на градот и не е забележано ниту едно палење на стрниште или создавање на нова дива депонија.

Градот Скопје во соработка со здружението ЕРГОС Скопје започна еко дрон патрола, односно прелети со дрон низ територијата на Скопје во потрага по потенцијални загадувачи, огнови на отворено и можни создавања на диви депониии.

Следното прелетување со дрон ќе се направи во текот на следната недела и дел од прелетите ќе се емитуваат во живо на официјалната фејсбук страницата на Град Скопје.

Еко дрон патролите ќе вршат прелети во текот на месеците септември, октомври и ноември со цел во текот на овие три месеци кога завршуваат земјоделските активности во атарите на градот да ги откријат и евидентираат загадувачите во Скопје.

По извршените прелети со дрон над околината на градот, снимките и фотографиите се предадат како материјали на инспекторите во Град Скопје за тие да можат веднаш да реагираат на терен, да поднесат пријава и да ги гонат потенцијалните загадувачи!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Кретивно

Неправилностите на изборите не се современа појава. Уште тогаш биле поставувани луѓе, дури и под масите каде стоеле кутиите и нивна задача била да слушаат каде ќе тропне топчето.

ФОТО: Еве како изгледале гласачките кутии во Македонија меѓу двете светски војни

Со појавата на локални и парламентарни избори на територија на Македонија, гласањето...

Факт е дека како резултат активностите на овој проект и на низата други значајни сеопфатни проекти оваа година не разговараме за загаден воздух во главниот град, односно имаме огромно намалување на бројот на денови со надминати концентрации на пи-ем честички.

Заев: На Светскиот ден на животната средина веќе не разговараме за загаден воздух како резултат на сеопфатни акции на сите засегнати страни

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев вчера зеде учество во...

Тој додаде дека на општо задоволство Скопје чекор по чекор се претвора во зелена престолнина каква што скопјани заслужуваат, односно со високи европски стандарди на уредување на зеленилото коешто е под ингеренции на Градот.

НОВ ГРАДСКИ ДРВОРЕД: РАЗЗЕЛЕНИ БУЛЕВАРОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ KAJ МРТВ

Со засадување на дрворед од 58 висококвалитетни садници покрај булеварот Гоце Делчев...

Со тоа се зголеми бројот на акредитирани методи во делот на хемиските лаборатории во рамките на методата јонска хроматографија, анализа на земноалкални и алкални метали, алкалитет и дел од тешките метали со што се овозможува подетално утврдување на квалитетот на испитуваните примероци.

За прв пат во нашата земја квалитетот на пакуваните минерални води ќе се испитува со најсовремена опрема

За прв пат во нашата земја квалитетот на пакуваните минерални води ќе се испитува со...