На youtube каналот се појави видео со викендички дивоградби кои наводно се во сопственост на поглаварот на ИВЗ

Објавил: Узунов Бобан | 22 март, 2019 9:42

ЕКСКЛУЗИВНО: Видео од викендичката-дивоградба на Матка на поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи на која се вее американско знаме?

Фото/Текст извор: ©магазин

На youtube каналот од страна на vardarnews, постирано е видео со викендичка дивоградба за која се тврди дека е во сопственост на поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи и членови на неговата поблиска фамилија. Магазин претходно пишуваше дека внукот на поглаварот на ИВЗ, Мерван Сулејмани е човекот кој инвестирал во дивоградбите на Матка. 

На видеото се гледа како Мерван Сулејмани и други луѓе се снимаат во внатрешноста на објект и во дворот за кој се тврди дека е дива викендица во Матка на чиј влез е поставено американското знаме. Воедно пред истата вила има фотографии од лице за кој се тврди дека е Сабри Алиу шура и шофер на поглаварарот на ИВЗ Реџепи. На видеото исто така има фотографија од викендичката која наводно е постирана на  фејсбук профилот на синот на поглаварот, Зекљул Реџепи, кој е вработен како инспектор во МВР.


Претоходно поглаварот на ИВЗ се критикуваше и за неговиот часовник „ролекс“ вреден 35 илјади евра, со кој „се пренесува пораката за можноста за корупција, во секој момент. Ваков раскош од такви размери е незамислив за еден поглавар.

Во продолжение од истото видео прикажани се слики од Мерван Сулејмани кои самиот ги постирал на фејсбук како е фотографиран со претседателскиот кандидат на СДСМ и ДУИ Стево Пендаровски, а има и заедничка слика од 10 октомври 2017 година, што значи пред одржувањето на локалните избори на која се поглаварот Сулејман Реџепи со градоначалникот на Сарај Блерим Реџепи, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. 

Дали оваа дружба пред локалните избори значело и поддршка за Петре Шилегов од страна на поглаварот Сулејман Реџепи ? И дали таа поддршка поглаварот Сулејман Реџепи сега ја “наплаќа” со непостапување на одговорните институции за викендучката дивоградба за која се тврди дека тој ја изградил ? 


Инаку Мервин Сулејмани бил близок со Блерим Беџети, градоначалникот на општина Сарај, од каде што како што пишува Вечер, нечујно минале сите камиони со материјалите за изградба на платформите, но и за други објекти, кои се носени по вода.

Инаку членовите на семејството Сулејмани биле повикани на средба за да објаснат што се случува на Матка, откако медиумите неколу денови активно објавуваа дека има дивогради во зона заштитена со закон, а на таа средба, тие не ја кажале вистината, напротив тврделе дека овие објекти се таму повеќе од 10 години. За потсетување, платформите на заштитеното подрачје на Матка никнаа преку ноќ, а се доградуваа со месеци.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести