Заедно со договор со нејзините деца, таа одлучи да ја изнајми вилата по цена од 8.000 илјади евра месечно.

Објавил: admin@magazin | 19 јули, 2019 9:51

ЕКСКЛУЗИВНО: Гордана Шаулиќ се сели од вилата на Дедиње, ја издава на АМБАСАДА ЗА 8 ИЛЈАДИ ЕВРА МЕСЕЧНО!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Вдовицата на покојниот крал на народната музика Шабан Шаулиќ, Гордана Шаулиќ вилата од 800 квадратни метри во Белград во населбата Дедиње, ќе ја издава на една амбасада за вртоглава цена од 8.000 евра месечно, дознава курир.рс.

Гордана Шаулиќ повеќе од шест месеци сама живее во луксузната вила на Дедиње. Куќата чија вредност се проценува од над околу милион евра, препишана е во наследство на нејзините три деца, Михајло, Санела и Илда, а Гордана има потполно право на живеење во куќата се до крајот на својот живот.

Заедно со договор со нејзините деца, таа одлучи да ја изнајми вилата по цена од 8.000 илјади евра месечно. 

Шабан Шаулиќ е роден на 6 септември 1951а почина на 17 февруари 2019. Во текот на својата богата кариера во медиумите и од јавноста го доби прекарот „крал на народната музика“.

Легендата на народната музика Шабан Шаулиќ пред неколку месеци во раните утрински часови загина во тешка сообраќајна несреќа, а во автомобилот со него бил и музичарот Мирсад Кериќ кој управувал со возилото, како и кумот на Шаулиќ, Слободан Стојадиновиќ.

Шабан Шаулиќ беше погребан во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград.

Иако кралот на народната музика бил роден во муслиманско семејство, тој не беше погребан според муслиманските обичаи и имаше само граѓански закоп без ниту едно свештено лице.

Шабан како да ја претчувствувал смртта, бидејќи на само три месеци пред смртта одлучил да состави тестамент, а целиот свој имот кој вреди неколку милиони евра го оставил на сопругата, децата и внуците.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.