Според водечкиот грчки весник Екатимерини Заев со меѓународната заедница се договориле да му остават простор на Ципрас да го ратификува Преспанскиот договор кога него политички би било најпогодно

Објавил: Узунов Бобан | 1 јануари, 2019 13:49

ЕКСКЛУЗИВНО: Заев се согласил Ципрас да го одолговлекува членството на Македонија во НАТО

Фото/Текст извор: ©екатемерини /магазин

Премиерот Заев по се изгледа уште еднаш ја става Македонија во подредена положба во однос на Грција. Иако гласањето во Македонија за промена на Уставот е закажано за 9 јануари за да станеме Северна Македонија, од Грција пристигнуваат пораки дека членството во НАТО на нашата земја е под знак прашалник токму поради спремноста на Заев тоа да го продава за туѓи политички поени. 

Според Екатемерини, Македонија се очекува да го ратификува Преспанскиот договор најдоцна до 15 јануари и после тоа топката ќе биде кај грчките законодавци. 

Парламентарните избори според грчките експерти, се очекува да бидат во март или мај што во голема мера зависи од случувањата поврзани со Преспанскиот договор.

Како што информира Екатемирини, со оглед на политичката цена на Преспанскиот договор за владата на Ципрас, премиерот Зоран Заев заедно со меѓународната заедница му оставил време на грчкиот премиер Алексис Ципрас да го ратификува Преспанскиот договор на датум што за него би бил најмногу погоден. 

Исто така, на Ципрас му била оставена опција да го ратификува Преспанскиот договор до март и да го одолговлекува гласањето за ратификацијата на Протоколот за членство на Македонија во НАТО после одржување на изборите. 

Премиерот Заев има доверба во грчкиот премиер, Алексис Ципрас, но и во грчкиот народ, во нивната опозиција, па дури и во министерот Каменос, дека ќе му дадат шанса на Договорот од Преспа.

Според весникот, најверојатно сценарио е дека Ципрас ќе го поднесе Преспанскиот договор во грчкиот парламент многу брзо, на крајот на Јануари или на почеток на Февруари и дека нема да има одоложување на пристапувањето на Македонија во НАТО со цел да се придржува до договореното и духот на спогодбата со што Ципрас би ја зголемил својата меѓународна репутација како лидер кој стои на дадениот збор. 

Што се однесува до заканите на помалиот партнер во Владата, Панос Каменос дека ќе ја напушти Владата поради Преспанскиот договор, Ципрас не бил загрижен бидејќи бил убеден дека може да ги собере потребните 151 глас неопходни за ратификација на Договорот. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести