Македонците се еден прекрасен народ со многу љубов

Објавил: Перо Милчин | 5 јуни, 2019 20:34

ЕКСКЛУЗИВНО ЗА МАГАЗИН Стеван и Сретен:”Македонците се најгостопримливиот народ што сме го сретнале„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Двајцата српски херои од Арена Спорт, Стеван Стевановиќ и Сретен Рашковиќ кои ги освоија срцата на сите македонци со своето професионалното коментирање, но пред се радоста што не ја криеја во нивните срца за победата на Вардар, во Ексклузивно интервју за Магазин, објаснуваат какво е чувството во живо да се доживее еден ваков маестрален спектакл од нашите шампиони, кои го освоија европското злато во ракомет.

Нашите златни ракометари завчера се вратија со златен пехар од Келн, а со македонската делегација во авионот, допатуваа двајцата српски коментатори на Арена спорт, Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ, кои преку ноќ постанаа најпознати фаци во Македонија.

Од Србија во ексклузивно интервју за магазин, овие прекрасни момци ни ги раскажаа своите емоции за моментот кога Вардар го освои европското злато, но и чувството како се доживеа целиот спектакл во Македонија.

Двајцата извонредни коментатори кои од срце навиваа за Македонија, изјавија за нашиот портал магазин дека вакво прекрасно чувство никогаш не доживеале во нивните срца. Го опишаа македонскиот народ како нај прекрасен народ и дека другите земји треба да се огледаат на Македонија.

Двајцата коментатори од Арена Спорт, кои од срце навиваа за Вардар и ги освоија срцата на сите Македонци.

Како ја доживеавте победата на нашиот македонски шампион Вардар?

Ја доживеавме многу емотивно победата на Вардар, што можеше и да се слушне во преносот. Значи се што беше во текот на преносот, тоа беше од целото наше срце за Вардар и играчите кои го оставија срцето на теренот.

Дали прославувавте заедно со нашите ракометари, истата вечер кога ја зедоа европската титула?

Секако дека славевме кога ја зедоа титулата, телевизија Арена Спорт беше со нив во автобусот кога беа дочекани од страна на навивачите во Келн пред хотелот. Ургираше Владата на Република Македонија и Телеком од Македонија, да Сретен и јас долетаме со играчите во чартер летот. Македонија посакуваше и ние да дојдеме заедно со играчите во вашата земја и да бидеме заедно на бината и да ја прославиме заеднички победата на Вардар.

Што мислите кои беше нај емотивен момент на натпреварот?

Нај емотивен момент ми беше кога слетавме со авионот во Македонија и кога се наближуваме со автобусите во центарот на градот, тоа е нешто необјасниво и не можам да ви опишам каков емотивен момент беше тоа.

Вака се славеше во Келн, после победата на нашите шампиони, кои го освоија златото на европското првенство во ракомет.

Што ви се допаѓа кај Македонскиот народ? Што најмногу сакате во Македонија?

Македонците се еден прекрасен народ со многу љубов. Толку многу ми се допаѓа народот во Македонија, што препорачувам и други земји треба да се огледаат на нив колку многу се топли и колку многу љубов има во нив. Македонците имаат скромност и искрено се израдуваа на еден голем успех кој го направи Вардар.

Дали сте свесни колку многу сте популарни во Македонија?

Не ни се веруваше колку популарни сме станале во Македонија, мене ова ми е неверојатно. Мене Фејсбук профилот ми е затрпан со пораки и не можам на сите луѓе да им одговорам, вели Стеван за Магазин. Да речам дека побегнавме од Македонија. Беше се организирано, Телеком го плати целосниот смештај во хотелот Ибис, и авионските карти за Белград. Во Скопје не можевме да одговориме на сите повици од телевизиите, бевме само на една или две телевизии, буквално отидовме од Македонија.

Многу ми е жал што заминавме, но ќе се потрудиме ако не овој викенд, наредниот да стигнеме во Македонија и да ги испочитуваме луѓето кои не сакаат.

Ако би постанале тренер на Вардар, кој играч би го донеле во Клубот?

Кога би имал неограничен буџет тоа би бил Микаел Хансен, а можеби недостасува човек кој е лидер на теренот, а тоа е Петар Ненадиќ, кој може да игра среден и лев бег, тој е репрезентативец на Србија кој игра во Весперм.

Која ви е најомилена Македонска песна?

Најомилена песна моментално ми е победничката песна на Вардар. ШАМПИОНИ ШАМПИОНИ, АЛЕ АЛЕ АЛЕ.

Заедно со Стеван и неговиот позитивен глас ја завршивме дружбата со магазин, а тој вети дека ќе се сретнеме пак во некое наредно интервју во блиска иднина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...