Во писмото од нашиот читател се вели дека на паркингот каде тие бие паркирани, непосредно пред Икеа Солун, по завршување со шопингот, имале и што да видат. Празен автомобил!

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 август, 2019 18:44

ЕКСКЛУЗИВНО: Македонец остана со празен автомобил, одморот му се претворил во пекол! Грабеж на паркингот пред ИКЕА!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

До редакцијата на Магазин.мк пристигна писмена поплака од македонски турист чиј одмор во Грција се претворил во вистински пекол, откако со семејството решиле на крајот од одморот да се упатат до добро познатиот ланец на продавници Икеа. 

Македонец ограбен на паркингот пред Икеа во Солун

Во писмото од нашиот читател се вели дека на паркингот каде тие бие паркирани, непосредно пред Икеа Солун, по завршување со шопингот, имале и што да видат. Празен автомобил!

Читателот потенцира дека по грабежот веднаш се упатиле до обезбедувањето на Икеа, но како што вели нивната драма тогаш започнала, бидејќи персоналот не зборувал добро англиски а по сите барања кои ги исполниле на крајот одговорот бил дека областа каде е паркиран автомобилот не е покриена со добар видео надзор! 

Писмото од читателот ви го пренесуваме во целост…

05.08.2019 по нашиот совршен одмор во Грција на патот назад решивме да застанеме во Икеа Солун! Го паркиравме нашиот автомобил во НИВНИОТ “ПАРКИНГ” и тргнавме на шопинг. Кога завршивме, најдовме големо „изненадување“ … Го отворивме багажникот на автомобилот и беше ЕМПТИ (3 куфери, лап топ и многу други вредни работи). Јасно е дека по овој шок отидовме директно да разговараме со обезбедувањето на ИКЕА и ова беше само почеток на нашата драма! Да се ​​посети продавница Икеа и да се ограбува во текот на денот на нивниот паркинг е незамисливо и нешто што никогаш не мислев дека би можело да се случи !! Потполно разбирам дека секоја земја има свои закони и ние треба да ги почитуваме, но во состојба на шок, со персоналот едвај да зборува англиски и да не ни даде соодветно решение ниту брза реакција беше апсолутна трагедија !! Кулминацијата се случи кога персоналот на Икеа ни рече дека областа каде е паркиран автомобилот не е покриена со добар видео надзор! Ние ги сторивме сите процедури како што бараа (полициска станица, изјави итн.), Поминавме неколку часови возејќи се напред и назад кон Икеа и блиската полициска станица и немавме дополнителни информации што треба да правиме понатаму. И еве, ние сме на пат да се вратиме дома со празни сеќавања и празен автомобил ! Благодарам ИКЕА ТЕСАЛОНИКИ за „најголемото“ искуство досега и за повторно да не се вратиме таму! Објавувајте да внимаваат лугето. Благодарам, стои во писмената порака до редакцијата на Магазин.мк.

Магазин не одговара за веродостојноста на содржината за која наш читател до редакцијата испрати допис во кој тврди дека бил ограбен на паркингот од еден од најпознатите ланец на маркети ИКЕА.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести