Ние веќе имаме отворено сериозни истраги, во областа на организираниот криминал и во областа на корупцијата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 мај, 2020 17:04

ЕКСКЛУЗИВНО: МВР отвора истраги за носители на јавни функции, министерот Чулев гостин во ТВ21 (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©ТВ21

Министерството за внатрешни работи отвора неколку истраги во кои инволвирани се и носители на јавни функции, ова ексклузивно за ТВ21 го потврди министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

„Ние веќе имаме отворено сериозни истраги, во областа на организираниот криминал и во областа на корупцијата. Ќе излеземе во наредниот период и со пресови преку кои ќе ја информираме јавноста, а тоа не го направивме претходно поради корона вирусот“, изјави Наќе Чулев во емисијата „10 минути“ на ТВ21, што ќе се емитува вечерва.

Од 22 март, кога беше воведена, до денес вкупно 4 783 граѓани ја прекршиле забраната за движење, од кои 3 110 се приведени и поднесени се 2 630 кривични пријави за 3 137 дела против 3 412 сторители, информира министерот за внатрешни работи Наќе Чулев соопштувајќи ја статистиката за почитувањето на полицискиот час во изминатите речиси три месеци, по вчерашната одлука на Владата за негово укинување.

Најголем дел од случаите се на подрачјето на Скопје и Битола, а нај дисциплинирани биле жителите на Велес и Куманово.
Сто шеесет и девет лица добиле кривични пријави за непочитување на мерките за изолација и самоизолација, а досега се казнети 1 973 лица за неносење лична заштита.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во изминатиот период постапувал по 57 настани за говор на омраза поврзани со ковид-19 и по оваа основа до ОЈО се поднесени 33 известувања и две кривични пријави.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести