четврток, 25 април 2024

MK/ EN/ DE



Денес околу 12,00 часот пред Собрание на РСМ од страна на В. Ј. (38) год. било скршено предното ветробранско стакло од ПМВ Пасат сопственост на Влада на РСМ!

Објавил: Перо Милчин | 14 декември, 2020 20:18

ЕКСКЛУЗИВНО: Нападнат Артан Груби!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од МВР за Лидер го потврдуваат случајот.

Денес околу 12,00 часот пред Собрание на РСМ од страна на В. Ј. (38) год. било скршено предното ветробранско стакло од ПМВ Пасат сопственост на Влада на РСМ.

Од страна на полициски службеници лицето е приведено во ПС Центар. Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР. 

Од 30 август 2020 година ја извршува функцијата прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците во вториот мандат на Владата предводена од премиерот Зоран Заев.

Груби е основач и претседател од мај 2006 година до мај 2011 година на граѓанското движење „Разбуди се!“, влијателна невладина организација, која иницира воспоставување граѓанско општество во рамките на албанската заедница во Македонија и има за цел да промовира поголема толеранција, еднаквост и граѓански активизам.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.