Видеото на преземањето на документите во Земун, ги снимила хрватската тајна служба, се дознава од истрагата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 22 ноември, 2019 22:52

ЕКСКЛУЗИВНО: Офицерот од видеото работел за Хрвати-Шокантни детали за шпионската афера во Србија

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека претседателот Александар Вучиќ дал налог да се истражи можната шпионска афера за врбување српски агенти по пишувањето на одделни медиуми.

Според тврдења, руски дипломат и припадник на руската воена разузнавачка служба ГРУ, за кого се верува дека е Георгиј Клебан, бил снимен како дава пари на наводно високо позициониран функционер на Србија, кој е негова разузнавачка врска во Србија.

На социјалните мрежи беше објавена и видео-снимка, за која Безбедносно-информативната агенција соопшти дека е автентична.

Во шпионската афера која претходните денови ја тресе домашната и меѓународната јавност, вклучена е и хрватската служба, а како се сомнева, се докопала и до некои српски тајни документи, дознава Курир.рс.

Позади аферата стои и НАТО, кој има намера да ги наруши односите помеѓу Србија и Москва, а конечниот резултат е да се заниша воената неутралност на Србија.

Видеото на преземањето на документите во Земун, ги снимила хрватската тајна служба, се дознава од истрагата.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, оцени дека снимката за наводниот руски разузнавач,е само последна во низата провокации.

-Сега доаѓа средба на врвот (на почеток на 4 декември меѓу Путин и Вучиќ) и ние сме навикнати една недела или неколку дена пред ваквите состаноци да се појават интересни приказни, некакви сензации. И, тогаш времето минува и сето тоа завршува и се утврдува дека се работело за евтина провокација, рече Захарова на редовната прес-конференција, пренесува Спутник.

Во утрешното издание на Курир.рс ќе читате најнови детали за шпионската афера која го тресе Балканот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Србија


По овие најави веднаш почнаа градоначалници од редовите на Српската напредна партија да поднесуваат оставки. Тоа денес го направи и градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ.

Тој најави дека формално се повлекува од таа функција, но дека посветено и посветено ќе го води Белград до денот на изборите и конечната проверка на довербата на граѓаните, соопшти градската управа.

„Штотуку поднесов формална оставка како градоначалник на град Белград, за да почнам да создавам законски услови за одржување на изборите, кои покрај парламентарните и покраинските избори би се одржале на 17 декември на белградско ниво“, изјави Шапиќ.

Овие најави доаѓаат по трагичните настани на северот на Косово, убиството на еден косовски полицаец и елиминацијата четворица луѓе од бунтовничката српска група. Јосип Јуратовиќ, шеф на комитетот за Западен Балкан на германскиот Бундестаг, во интервју за „Данас“ рече дека „прогласувањето ден на жалост за делата извршени од страна на паравоените структури од страна на Србите во Косово предизвика огромно згрозување не само во регионот, туку и во целиот свет. Дотолку повеќе што српските институции со прогласувањето на загинатите членови на паравоена организација ги поттикнуваат младите да направат сличен чин бидејќи тоа го гледаат како херојство. Овие убиени млади момци не се херои, туку жртви на неуспешните политики изградени врз лажни митови, кои триесет години ја прикажуваат Србија како недоверлив партнер“.

Тој оценува зошто дојде до оружената пресметка во селото Бањска.

„Очигледно е дека кој и да стои зад тој обид за неуспешен бунт на Србите во Косово, дека Вучиќ долгорочно ја создаде климата и беше само прашање кога ќе се случи нешто слично. Концентрацијата на моќ акумулирана од Александар Вучиќ дојде за наплата, бидејќи тој ја изгуби контролата врз целиот режим што самиот го создаде и стана жртва на сопствените амбиции“, вели Јосип Јуратовиќ.

Србија оди на избори на 17 декември

Шефот на комитетот за Западен Балкан на германскиот Бундестаг, Јосип Јуратовиќ, изјави...

Владата на Србија донесе одлука за ребаланс на буџетот за 2023 година. Со ова зголемување ќе се овозможи намалување на буџетскиот дефицит на 2,8 отсто, со цел зголемување на платите, пензиите и животниот стандард на граѓаните, јави дописникот на МИА од Белград.

Растат платите во Србија

Растат платите во Србија. Просечната плата во Србија во декември ќе изнесува 840 евра. Владата...

Администрацијата на манастирот тогаш донела одлука дека милоста веќе нема да се дава бидејќи манастирските резерви завршуваат. Лошата состојба во Русија можеби придонело за тоа, со помалку и помалку придонеси за самиот манастир.

ФОТОГРАФИЈАТА ОД СВЕТА ГОРА КРИЕ МИСТЕРИЈА: Ако ниту една жена не смее да се движи, тогаш која е таа – насликано ЧУДО во руски манастир

Фотографијата била направена на 3 септември 1903 година и била објавена од архивот на...