Носители од страна на СДСМ-БЕСА ќе бидат: во ИЕ1 - Мила Царовска, во ИЕ2 - Оливер Спасовски, во ИЕ3 - Љупчо Николовски, во ИЕ4 - Зоран Заев, во ИЕ5 - Венко Филипче и во ИЕ6 - Билал Касами.

Објавил: admin@magazin | 7 март, 2020 19:26

ЕКСКЛУЗИВНО: Првиот лекар во владата ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ќе биде прв на листата за пратеници

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Неофицијални информации стигнаа до редакцијата на Магазин, од внатре партиски извор на СДСМ, дека Венко Филипче ќе биде најсилниот адут во борбата на СДСМ за освојување на албански гласови (носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ5) (Битола, Охрид, Струга, Кичево, Маврово, Ресен, Крушево, Долнени, Дебрца, Вевчани, Демир Хисар).

Владеачката партија, според извор од СДСМ, ја има добитната комбинација на носители на листите за пратеници.

Иако имало одредени дилеми, сепак на состанокот на Заев со генералниот секретар, техничкиот премиер Спасовски и партискиот стратег Коста Петров, донесена е одлуката за носечката изборна шесторка.

Носители од страна на СДСМ-БЕСА ќе бидат: во ИЕ1 – Мила Царовска, во ИЕ2 – Оливер Спасовски, во ИЕ3 – Љупчо Николовски, во ИЕ4 – Зоран Заев, во ИЕ5 – Венко Филипче и во ИЕ6 – Билал Касами. Сепак имало одредени дилеми и дискусии, кои биле разрешени преку најновите анкети кои ги покажале најдобрите можни комбинации за кандидатите на СДСМ, како и вкрстените резултати со можните носители од ВМРО-ДПМНЕ.

Билал Касами е претседател на партијата БЕСА и ќе биде носител на листата на СДСМ во ИЕ6. Членовите на СДСМ во Тетово биле задоволни од ваквата одлука, бидејќи се работи за добар Албанец, кој долго време се борел против неправдите и корупцијата кои во општината ги прави Теута Арифи од ДУИ.

За носител во ИЕ1 можни кандидати биле Мила Царовска, Радмила Шеќеринска, Рената Дескоска и Никола Димитров. Анкетите презентирани пред Заев, на кои се мери и позитивната и негативната перцепција на јавноста за кандидатот, покажувале јасно водство на Мила Царовска пред другите конкуренти. Второ рангирана била министерката Рената Дескоска која стана препознатлива во борбата за зачувување на предметите од СЈО и преговорите за Законот за јавното обвинителство. Шеќеринска била на трето место, речиси изедначена со Дескоска.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров бил најниско рангиран, а анкетитите таквиот негов скор го лоцираат во потпишувањето на контроверзниот Преспански договор, како и во неговата политичка превртливост и заради поранешна блиска соработка како советник на Груевски, што не проаѓа добро кај членството на СДСМ.

Билал Касами е претседател на партијата БЕСА и ќе биде носител на листата на СДСМ во ИЕ6. Членовите на СДСМ во Тетово биле задоволни од ваквата одлука, бидејќи се работи за добар Албанец, кој долго време се борел против неправдите и корупцијата кои во општината ги прави Теута Арифи од ДУИ.

За носители на листите за пратеници во ИЕ2, во ИЕ3, ИЕ4, како и за ИЕ6, немало дилеми, и партиската стратегија и анкетите се поклопувале дека во овие изборни региони СДСМ е најдобро да истрча со веќе познатите политичари како Љупчо Николовски, Оливер Спасовски и Зоран Заев.

Во ИЕ6 веќе е решено дека претседателот на БЕСА, Билал Касами ќе ја предводи листата, а втор на листата ќе биде Бобан Видоески, претседател на ОО на СДСМ од Тетово.

Единствено што било побарано од Заев како претседател на партијата е да разговара со градоначалникот максим Димитриевски од Куманово, да се спушти топката за одредени негови замерки кон Оливер Спасовски и таквите лични недоразбирања да не бидат изговор за пасивност во кампањата во кумановскиот регион.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика