Претседателот Иванов својот став го соопштил на секој кој го прашал за него, Договорот од Преспа е штетен начин за ЕУ и НАТО интеграции и тој нема да го прифати и потпише.

Објавил: Мартин Попоски | 18 септември, 2018 8:37

Ексклузивно: Претседателот Иванов не одстапува од својот став!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Трн во око на целокупниот процес од кампањата за успешен референдум за промена на името на Република Македонија и целосно бришење на идентитетот на Македонската нација е Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој цврсто остана на својот став дека Договорот е штетен и не смее да е изговор за било какво референдумско изјаснување и промени во Уставот.

СДСМ и ДУИ постојано се обидуваат да го испровоцираат претседателот Иванов во повторувањето на својот став, особено што наскоро ќе следи и неговото годишно обраќање на Генералното Собрание при Организацијата на Обединетите нации од каде Иванов ќе упати апел до Македонскиот народ, политичарите но и земјите од светот.

А само пред една недела во посета кај Македонскиот претседател, Иванов, во вилата “Водно” во Скопје, во официјална посета беше и Васко Белески, кој ги коментира овие напади а и ги потврдува ставовите на претседателот Иванов:

Запрепастен сум од психолошката војна која се води против претседателот а воедно и од невидeната манипулацијата врз Макеоднскиот народ, каде што сака да се прикаже дека Претседателот омекнал.

Но, сакам да ги охрабрам сите Македонци, Македонија никогаш немала така храбар , мудар и одлучен претседател.

Претседателот Иванов кога се разделивме на крајот на средбата ми рече, порачајте им на сите, не се мрдам ни една педа од мојот став, дека ке ја бранам Македонија и ке постапувам согласно со Уставот и законите. Ѓорѓе Иванов ни остави Аманет и ние да ја браниме Македонија а тој Амамент го зедов и јас. – истакнува Белески.

Изјавата на Белески оди во контра прилог дека на вчерашната средба на претседателот Иванов со државниот секретар за одбрана на Соединетите Американски Држави, Џејмс Норман Матис, тој не го повторил ставот дека Република Македонија и тој лично се залагаат за ЕУ и НАТО интеграции на Македонија но штетниот Договор од Преспа не смее да биде оправдан со поддршка кон овие заложби.

Имено претседателот Иванов протоколарно може да го соопшти својот непроменет став само ако ЕУ и НАТО интеграциите или Договорот од Преспа па и претстојниот референдум за промена на името воопшто беа дел од разговорот со високиот гостин од САД. Што Џејмс Матис изјави во Владата и за новинарите е едно, по протокол Матис е офицер и као војно лице нема ингеренции на претседател на држава кој ја претставува во целина според Уставот пред другите земји да му поставува прашања од внатрешената политика.

Она што дури и Матис го знае, партиските новинари на СДСМ го протолкуваа како “омекнување” на ставот на претседателот Иванов, што е обична манипулација и лага.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.