Обземен од радост што семејството Милошоски има нов член, пратеникот на социјалните мрежи ја сподели радосната вест за раѓањето на неговата ќерка Илина

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 ноември, 2018 10:46

Ексклузивно: Се роди Илина, Милошоски по четврти пат татко

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Радосна вест за семејството Милошоски, сопругата на пратеникот Антонијо, Симона, повторно стана мајка.

Рано изутринава семејството Милошоски, се зголеми за уште еден член.

Бато Давид и сестричките Дариа и Михаела Милошоски од денес имаат нова принцеза, сестричката Илина.

На свет дојде малата Илина.

Поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, пресреќен веста ја објави на социјалните мрежи.

Се заблагодари на својата сопруга за најмалечката принцеза, но и на “дедо Боже за благословот” прегрнувајќи ги сите свои роднини и пријатели.

Радосната вест за порадосното и побогато за уште еден член семејство Милошоски ја пренесоа сите медиуми.

Милошоски има три три деца, синот Давид и ќеркичките Дариа и Михаела.

На крајот од својт пост посака секому радости во домот и истакна дека “тато е најсреќниот татко на светот”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.