Дизајнер на екстериер во Мерцедес значи да сте во ексклузивно друштво од врвни професионалци од целиот свет задолжени да ја обликуваат формата на сите нови возила на Мерцедес.

Објавил: Македонка Димкин | 9 јули, 2018 10:59

Ексклузивно со Славче Таневски: Секаде каде што се појавувам се чувствувам како амбасадор на Македонија!

Фото/Текст извор: ©мagazin.mk

Вашето име и постана познато на Македонската јавност , со презентацијата на најновиот Мерцедес GLC Coupe., каде како потписник бевте Вие: Како дојдовте до ова работно место?

Уште од мал ја имав пасијата за дизајнирање автомобили. Поривот за креирање нешто ново, го носам со мене цел живот. Никогаш не сум имал план „б„. Талентот за цртање го имам од мајка ми, а поврзаноста со техниката од татко ми. Ги споив тие две насоки во едно и работев на случајот. Тоа значеше многу часови цртање, усовршување на софтвери итн. Во 2007 заминав на студии во Минхен што ми овозможи професионално да се едуцирам а воедно тоа ми беше и отскочна даска да влезам во автомобилската индустрија. Конкретно за првиот контакт со Мерцедес-мојот ангажман и пријави на конкурси за дизајн се исплати со тоа што победив на еден од нив кој и ми донесе пракса во дизајнерското студио во Синделфинген (Германија). Неколку месеци потоа ми беше понудено и работно место.

Последните три години во Македонија е константна криза, дали Вас ве допира како Македонец кога ќе слушнете дека ни се наметнува промена на уставното име во замена за влез во Унијата?

Македонија е постојано во некаква си дали измислена, дали наметната криза, но ова што се случува во последните месеци е нешто шокантно. Секако дека создава јад во мене, ме фрустрира. Кој човек не би го погодило кога некој го негира неговото постоење, го деградира, му ја брише историјата и му гази на гордоста, достоинството и честа!?

Што значи да се биде Exterior Designer кај Mercedes-Benz ?

Дизајнер на екстериер во Мерцедес значи да сте во ексклузивно друштво од врвни професионалци од целиот свет задолжени да ја обликуваат формата на сите нови Мерцедес возила,  а со тоа да допринесуваат за иновативниот развој на автомобилите во иднината. Да не заборавиме дека Мерцедес е пионер што се однесува до сите важни технолошки напредоци како сигурносни појаси, ABS, воздушни перничиња итн. Актуелно е автономното возење и електричниот погон секако, и горд сум што можам да учествувам во нешто што значи напредок од тој степен.

Од каде потекнувате од Македонија и од кога сте во Германија?

Потекнувам од Свети Николе, таму сум и роден, но сум пораснат во Скопје. На 19 години, во 2007 заминав за Германија.

Какво школска спрема мора да се поседува за да се биде дизајнер кај Мерцедес?

За да бидете на моето место треба да имате “Bachelor od Arts in Transportation Design” Degree кое може да се добие само на 7 места во светот. Меѓутоа дипломата не е гаранција дека ќе добиете работа за која сте квалификувани со студиите. Само мал процент од дипломците успеваат да добијат работа во автомобилска компанија. За илустрација во светот има повеќе професионални NBA играчи од активни дизајнери на автомобили.

Триесет годишниот Таневски: Уште од мал ја имав пасијата за дизајнирање автомобили. Поривот за креирање нешто ново го носам со мене цел живот. Никогаш не сум имал план б. Талентот за цртање го имам од мајка ми, а поврзаноста со техниката од татко ми

Колку време треба за да се дизајнира еден автомобил, работите во слободна креација или имате однапред зададена задача?

Тоа зависи од проектот. За идеја се потребни некогаш две скици и 20 минути (како што беше случајот со Concept EQA), некогаш треба да цртате со недели. Додека целиот процес на изработка на моделот до геометриски точни површини (CAD Class A Surfaces) трае отприлика година дена, за автомобили од масовно сериско производство, на пример GLC Coupe. Потоа следуваат 3 години на тестирање, усовршување и подготовка на производствоto каде не е потребен инпут од дизајнерот.

Доколку се работи за концептно возило сето тоа трае побрзо. Concept EQA беше завршен за 7 месеци што беше рекордно време во рамки на Мерцедес.
Во главно работиме на дефиниран брифинг, но се случува и да изработуваме слободни креации.

Што мислите дали промената на нашето име ќе доведе до отворање на нови работни места во Македонија?

Тоа е една од еден милион манипулации со кои  се служат политичарите. Секогаш ја кријат својата неспособност со празни ветувања, измислени агенди, изговори. Прашајте ги Бугарите, Хрватите, Литванците, Унгарците што се сменило во нивните земји откако станале членка освен покачените цени! Да бидеме реални. Зашто би дошла некоја компанија во Македонија, а не во високо развиена земја? –Заради ефтината работна сила! Ништо друго. За жал Македонија ќе биде секогаш Кина на Европа во таа смисла, па и по цена да си го смени името.

Колку вработени има Мерцедес во Германија?

Компанијата е интернационална со повеќе од 280 000 вработени на светско ниво, поголемиот дел во Германија. Само во дизајн центарот се околу 500,  од кои  12 дизајнери на екстериер.

Ќе го подржите ли промената на нашето уставно име Република Македонија?

НИКОГАШ!!

Има ли Славче време за хоби?

Имам малку слободно време. Сите хоби пак ми се поврзани со автомобилите. Сакам да патувам, а најчесто сум во Македонија

Која ви е најомилената Македонска песна?

Имам многу омилени, од традиционалните ‘Македонско девојче’ и ‘Учи ме мајко, карај ме’ а од поновите ‘Игри без граници’ на Тоше Проески а го слушам и  Кирил Џајковски, додека пак од филмската музика тоа е нумерата „Пред дождот„ од групата Анастасија.

Што им препорачувате на Германците од Македонската кујна?

Е за овој одговор ќе ми треба повеќе простор…хаха
Тавче гравче, пастрмајлија, пинџур, макало, пити, бурек, сарми, беровско сирење….

Дали сте горд Македонец и како го покажувате тоа?

Секако! Секаде каде што одам во странство, дали е тоа на работното место, дали е на конференции, дали на саеми  за автомобили, за интервјуа од меѓународни списанија секаде го ширам Македонското име. Им изгледа егзотично, се интересираат, ме прашуваат за карактеристиките на културата, за јазикот, за храната. Секаде каде се појавувам се чувствувам како амбасадор на мојата земја и култура. Мојата дипломска работа е пример за тоа.

Никогаш не сум имал проблем да кажам кој сум и од каде сум,  само во мојата земја најверојатно ќе ми биде забрането сега. Од сега од каде да кажам дека доаѓам? Жива срамота, потценување и грев!

Кога бевте за последен пат во Македонија ?

Често сум во Македонија. Таму ми се скоро сите луѓе што ги сакам, 3 месеци во годината сум таму. Последен пат бев во месец мај .

Која е вашата порака до Македонците во светот и Македонија?

Убаво е да си Македонец, тоа е гордост,  тоа ме дефинира, ми дава душа, се повикува на славата на моите предци, ми го дава коренот. Да не го заборават тоа,  никогаш да не се понижуваат и да не потклекнуваат. Доколку сами не се почитуваме, нема ни другите да не почитуваат. Македонштината е пиреј, појака од секаква економска унија или привремен воен сојуз.

Мислам дека вистинските вредности за жал се помалку заборавени  во денешно време, па затоа честа и  достоинството,  коренот наш македонски како да паѓа во заборав. Нека размислат убаво во овој историски момент дали ќе бидат запомнети по добро или по лошо?.

Директно за крај порачувам: Ниедно прашање кое значи самоуништување на зелена маса, не е достојно да му се даде одговор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...