Денот на шегата секоја година се слави на 1 април. 1 Април не е национален празник, но секаде се прославува како ден кога многумина прават разни шеги и будалаштини.

Објавил: admin@magazin | 1 април, 2019 9:38

ЕКСКЛУЗИВНО: Уапсен е Никола Груевски !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во близина на Будимпешта утринава околу 06.30 минути од страна на унгарската полиција, уапсен е бившиот премиер на Република Македонија Никола Груевски.

Утрово околу 06.30 во близина на Будимпешта, уапсен е поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.

Груевски моментално се наоѓа во полициската станица, а како што пишуваат унгарските медиуми тој се наоѓа заедно  со неговиот адвокат. При апсењето како што пишуваат медиумите Груевски, бил видно вознемирен, но не се противел и веднаш бил спроведен во најблиската полициска станица! 

Не е уште познато зошто Груевски е уапсен, бидејќи претходно имаше добиено азил од Унгарија и не се очекуваше да дојде до оваа ситуација. Во текот на денот полицијата ќе изнесе повеќе информации.

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, е прогласен за виновен во случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) познат во јавноста како „Тенк“ кој се однесува на набавката на луксузниот блиндиран „мерцедес“ и осуден на две години затвор.

Поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, првообвинет во случајот, исто така беше прогласен за виновен и осуден на шест ипол години затвор.
Груевски беше обвинет за примање награда за противзаконско влијание, додека Поповски за злоупотреба на службената положба и овластувања. Во овој случај, на обвинителната клупа беше и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, на која поради ризична бременост и е раздвоена постапката и ќе и се суди одвоено.
Според Кривичниот закон за делото за примање награда за противзаконско влијание, е пропишана затворска казна од една до три години.

Априли ли ли.

Денот на шегата секоја година се слави на 1 април. Понекогаш го нарекуваат и денот на сите шегаџии. 1 Април не е национален празник, но секаде се прославува како ден кога многумина прават разни шеги и будалаштини.

Овој ден го одбележува присуството на весели или други шеги, трикови и други практични шеги на различни пријатели, членови на семејството, наставници, соседи, колеги итн. Традиционално, во некои земји како Канада, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и Јужна Африка, шегите траат само до пладне и некој кој прави трикови после пладне го нарекуваат „Априли-ли-ли“ и го исмејуваат. Во други земји како Франција, Италија, Јужна Кореја, Јапонија, Русија, Холандија, Германија, Бразил, Ирска, Австралија и САД шегите траат цел ден.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.