Од Основното јавно обвинителство информираа дека девојката Ангела Ѓ. е една од двајцата уапсени, осомничени за убиството на Пино чие тело беше пронајдено во атарот на селото Љуботен. Првоосомничениот Али Фуркан се уште е во бегство.

Објавил: admin@magazin | 16 октомври, 2019 22:33

ЕКСКЛУЗИВНО: Утре ќе се врши оценка на обвинението на убиецот на Пино, Ангела Георгиевска!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Момче со ведрина и желба за живот, мајката на Пино Маја Трпковска вака го опишуваше својот син, но желбата за живот прерано му беше одземена од Ангела Георгиевска и Али Фуркан. 

До нашиот портал магазин.мк пристигна ексклузивна информација од семејството на убиениот Пино, дека утре 17 октомври ќе се врши оценка на обвинението на Ангела Георгиевска, која заедно со Али Фуркан ладнокрвно го убија Пинета Секондо, кој во 2012 година заедно со својот татко пристигна во Македонија.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен cyд Скопје, на 19 септември оваа година достави Обвинителен акт пpoтив едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 (coизвршителство) од Кривичниот законик.

Ангела Ѓорѓиевска е замешана во мамката во која влегол Пино.
Ангела е ќерка на возач, дете на разделени родители и проблематична девојка заглавена во многу незгодни друштва и пороци. На нејзиниот профил до скоро имаше поставено и главна слика на која има девојка и момче со пиштол и крв. Девојката била на полиграф но го поминала.

Од Основното јавно обвинителство информираа дека девојката Ангела Ѓ. е една од двајцата уапсени, осомничени за убиството на Пино чие тело беше пронајдено во атарот на селото Љуботен. Првоосомничениот Али Фуркан се уште е во бегство.

Мајката од Пино на социјалните мрежи бара највисока казна за убијците на нејзиниот син.

„Благодариме на сите за поддршката. Тешко е верувајте ми, многу тешко. Мојата битка продолжува, сега БАРАМ ПРАВДА ЗА МОЕТО ДЕТЕ!!! ОРОСПИАТА АНГЕЛА ЃЕОРГИЕВСКА СО НЕЈЗИНИОТ ПОМОШНИК ШТО ГО ИМААТ УБИЕНО МОЕТО ДЕТЕ ДА ДОБИАТ НАЈ ГОЛЕМА КАЗНА! ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР!!! Да скапат во затвор! Детето ми го убиле и го сокриле за животни да ми го распарчат! Курво една, бел ден да не видиш ни ти ни твојот помошник ни твојата фамилија!!! Ороспиа! Ѓавол!!! Проклета да бидеш додека ќе имаш душа во тебе!!!“, напиша мајката на Пино.

Маја живее со голема болка и тага но живее и за убијците да ја добијат заслужената казна.

Таа овие месеци живееше вистинска голгота, со месеци трагаше по нејзиниот син, се појавуваше на сите медиуми во Македонија, но за жал ништо не вроди со плод. И покрај тоа што таа на своите изјави пред новинарите, беше цврсто убедена дека нејзиниот син не е исчзенат, туку убиен.

На 29.04.2019 година во Единицата за известување и команда во Скопје од страна на непознат граѓанин, беше пријавено е дека на место викано Башинец во атарот на с.Љуботен пронајден е човечки скелет покриен со камења.

Мајката молеше по институции, стигна и до премиерот Зоран Заев да и помогне со сите сили да го пронајде својот син, но тој наместо да помогне ја пријави за вознемирување.

Откако мозаикот се состави и се дозна дека Пино е убиен и немилосрдно закопан во шума, Маја Трпковска доби пет кривични пријави од другар на нејзиниот син, но и од мајката на Ангела Георгиевска.

 

Пино во среќните денови заедно со неговата мајка и родениот брат кој моментално живее и работи во Италија.

На осомничената и беше определена мерка притвор, а утре ОЈО ќе врши оценка на обвинението на Ангела Георгиевска.

И по неколку месеци од разоткривање на случајот се уште не се знае дали е пронајдено возилото на Пино но и пушката со која тој е убиен.
За потсетување, мајката на Пино од декември минатата година, неколку пати организираше протести пред Собранието, а нејзиниот син го бараше и Интерпол.

Пинета Секондо, беше исчезнат од 11.12.2018 година, а беше пријавен од страна на неговата мајка, во ПС при СВР Скопје.

На 29.04.2019 година во Единицата за известување и команда во Скопје од страна на непознат граѓанин, беше пријавено е дека на место викано Башинец во атарот на с.Љуботен пронајден е човечки скелет покриен со камења.

Во овој случај и да превеземе судството, детето живо никој нема да и го врати на неговата мајка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.