Како што дознава медиумот и, нејзиниот син Вељко Ражнатовиќ е позитивен и на „Ковид 19“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 јуни, 2020 15:46

ЕКСКЛУЗИВНО: ЦЕЦА РАЖНАТОВИЌ И НЕЈЗИНИОТ СИН ВЕЉКО ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs

Светлана Цеца Ражновиќ е позитивна за вирусот корона, дознава српски Курир од медицински извори.

Како што дознава медиумот и, нејзиниот син Вељко Ражнатовиќ е позитивен и на „Ковид 19“.

За потсетување, целото семејство Ражнатовиќ беше тестирано вчера за коронавирус затоа што за време на прославата што ја организираа по повод раѓањето на синот на Веjко, Жељко, тие беа во контакт со водителка позитивна на вирусот корона.  

Според она што беше објавено од српските медиуми, водителката не знаела дека е заболена од коронавирус и се појавила на прославата на семејството по повод раѓањето на малиот Жељко.

Таа се бакнала со Анастасија и Вељко и се ооздравувала и прегрнувала со останатите гости честитајќи ја приновата, пренесува „Телеграф“. 

Поради тоа целото семејство Ражнатовиќ беше  тестирано за коронавирусот. Како што  пишуваат српските медиумии Анастасија Ражнатовиќ, наводно, веќе направила тест и тој е негативен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.