Нивните револтирани родители се обратиле до редакцијата на порталот Охрид 1, наведувајќи дека последната воннаставна екскурзија во Белград, организирана од агенцијата „Генерал Турист“ од Охрид била катастрофално лоша.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 мај, 2019 0:24

Екскурзијата во Белград се претворила во хорор филм за учениците од охридската гимназија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Околу 100 тина ученици од Охрид, од Гимназија Св. Климент Охридски, доживеале хорор на екскурзија во Белград.

Нивните револтирани родители се обратиле до редакцијата на порталот Охрид 1, наведувајќи дека последната воннаставна екскурзија во Белград, организирана од агенцијата „Генерал Турист“ од Охрид била катастрофално лоша. Родителите наведуваат дека целата организација била катастрофална и додаваат дека ,двата автобуси на „Галеб“ со кои патувале учениците имале дефекти по што децата биле оставени неколку часа на пат.

Како што велат за порталот, родителите однапред ја платиле сумата која им била побарана за екскурзијата, но нажалост не добиле ништо од добра организација. Тие велат дека при плаќањето организаторот им дал само фискална сметка, но не и поединечен договор, бидејќи се работи за индивидуален ангажман, а не договор со училиштето.

Родителтие за порталот Охрид1 велат дека вакви воннаставни ( како што ги нарекуваат приватни бизнис екскурзии ) треба да се забранат или да се воспостави силен систем на контрола кој важи за наставните екскурзии за чие организириање важат цели правилници

Револтираните родители велат дека со секој договор што се потпишува јасно треба да се наведе што добиваат децата, односно какви услуги им нуди агенцијата. Но, на учениците кои биле тргнати да гледаат мјузикл, картата не им била вклучена во цената, па пари собирале на рака во автобус по 600 динари или 300 денари од ученик, за на место каде картата чини 1 евро.

Најмногу ги револтирало тоа што нивните деца останале неколку часа на пат поради дефектот на автобусите.

Имено едниот автобус на „Галеб“ откажал потполно на враќање, на 40 километри од Белград по што учениците биле оставени да чекаат на бензиска пумпа повеќе од 6 часа, за да стигне нов автобус од Скопје а другиот автобус пак бил со расипана клима, па се правеле чести застанувања за децата да земат воздух. Родителите за Охрид1 велат дека вакви воннаставни (како што ги нарекуваат приватни бизнис екскурзии) треба да се забранат или да се воспостави силен систем на контрола кој важи за наставните екскурзии за чие организириање важат цели правилници, додека за воннаставнтие ( како оваа во Белград ) нема правила и фирмите кои се вклучуваат во неа заедно со некои професори од училиштето имаат за цел само да остварат профит, на штета и опасност по здравјето и состојбата на самите ученици кои патуваат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести