Како што објави весникот, но се уште не официјално станува збор за експлозија на трафостаница која се наоѓа во подрумот на резиденцијата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 јануари, 2020 18:49

Експлозија во вилата на претседателот на Црна Гора

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Експлозија одекна денеска попладне во претседателската вила „Горица“, која црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и Владата ја користат за прием на високи странски гости и делегации, објави весникот „Вечерње новости“.

Како што објави весникот, но се уште не официјално станува збор за експлозија на трафостаница која се наоѓа во подрумот на резиденцијата.

Извори на весникот наведуваат дека безбедносните структури на Црна Гора се сомневаат во обид за диверзија.

На местото на инцидентот веднаш се ипратени пожарникарски и полициски екипи. 

Ѓукановиќ е долгогодишен претседател на Демократската партија на социјалистите на Црна Гора, првенствено црногорска бранша на Југословенската комунистичка партија, која ја води Црна Гора од воведувањето на повеќепартискиот систем.

Мило Ѓукановиќ е претседател на Црна Гора. Тој отслужи три последователни мандати како премиер од 1991 до 1998 година ( 1991-1993, 1993-1996 и 1996-1998) , а беше и тогашен претседател од 1998 до 2002 година и повторно премиер во 2003год. до 2008 год. Иако при крајот на 2006год. тој одлучи да се повлече, во февруари 2008год. се врати на функција како премиер. Неговата коалиција победи на изборите во 2009год. со целосно мнозинство обезбедувајќи го шестиот мандат. Тој се повлече од функција како премиер во декември 2010год.

Тој е контроверзен поради неговата улога во деведесетите години и поради постојаното високо ниво на влијателност во политичкиот живот на Црна Гора. Кога Џуканович на млади години се појави на политичката сцена беше бизок соработник на Слободан Милошевич. Меѓутоа во 1996год. се сврти против Милошевич, ги напушти традиционалните заеднички српско – црногорски гледишта во прилог на независна идеологија.Го предвиде преминувањето на Федерална Република Југославија во Државна заедница на Србиа и Црна Гора и порастот на црногорското отцепување од Србиа, кулминирајќи во победа во 2006год. со референдумот на независност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.