Како што информираат тамошните медиуми, 57-годишен маж загина во експлозија на котел во фабриката Месна индустрија Матијевиќ во Нови Сад.

Објавил: Весна Петровска | 22 јули, 2019 14:29

Експлозија во фабрика за месо, има мртви и повредени

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Трагедија се случи во Нови Сад откако при експлозија во фабрика за месо загина едно лице.

Како што информираат тамошните медиуми, 57-годишен маж загина во експлозија на котел во фабриката Месна индустрија Матијевиќ во Нови Сад.

Маж загина во експлозија во фабрика за месо, неколку лица повредени

Итната медицинска помош за брзо време пристигнала на местото на експлозијата.

– Дојава добивме три минути пред 12 часот, медицинската екипаизлезе на лице место и само констатирала смрт, соопштуваат од Итна помош

Исто така тие додаваат дека медицинска помош му била укажана на еден 45-годишен маж, кој потоа бил пренесен на Клиниката за очни болести при Клиничкиот центар на Војводина.

Според некои српски медиуми, во експлозијата се повредени неколку лиca.

Полицијата  го истражува случајот.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.