Едната дојава е примена во 17 часот и 10 минути за запален кујнски бојлер од спој на електрична инсталација во угостителски објект на главната улица „Св.Јоаким Осоговски“, а другата околу 18 часот и 20 минути на улица ”11 Октомври”.

Објавил: Весна Петровска | 29 јули, 2019 21:03

ЕКСПРЕСНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ОД 70 МИНУТИ ВО КРИВА ПАЛАНКА: Тројца пожарникари гаселе пожари на две локации

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Две дојави за пожар на две локации во крива Паланка.

Едната дојава е примена во 17 часот и 10 минути за запален кујнски бојлер од спој на електрична инсталација во угостителски објект на главната улица „Св.Јоаким Осоговски“, а другата околу 18 часот и 20 минути на улица ”11 Октомври”.

Пожарот е пријавен и во Полициската станица од општа надлежност Крива Паланка.

– Во првиот пожар поради спој на електрична инсталација во угостителски објект кај месноста “Соларски мост” се запали кујнски бојлер, а интервенција е извршена со едно возило и тројца пожарникари. Брзата реакција на нашата служба придонесе да не настане поголема материјална штета, мало оштетување има само во кујната на објектот – информира Иле Коцевски, командир на ТППЕ Крива Паланка.

Во вториот случај, поради невнимание на жителите на куќа во населба Чука, на ул. ”11 Октомври”, зад место викано Мини маркет, кои запалиле отпад во дворот, настанал пожар што зафатил дел од куќата.

За среќа интервенцијата на пожарникарите била брза и покрај тоа што со едно возило и тројца пожарникари била спроведена акцијата и го запреле ширењето на пожарот и спречиле голема материјална штета.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.