За потсетување, дваесетгодишниот Никола Саздовски – Саздо, член на навивачката група Комити животот го загуби пред две години откако крвнички беше прететан во скопската населба Автокоманда.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 септември, 2020 11:37

Екстрадиран третиот обвинет за убиството на Никола Саздовски – Саздо

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска ( 21.09.2020) од Германија во Република Македонија е екстрадиран Ј.Љ. (21) од Скопје, осомничен дека сторил кривично дело „убиство“ односно на 29.06.2018 околу 17:35 часот во Скопје заедно со Б.Б. и С.Д. го нападнале Н.С., кој починал од нанесените повреди.

Никола имаше 20 години и беше страсвен навивач и член на Комити

За Ј.Љ. беше распишана меѓународна потерница на барање на ОЈО Скопје.

-Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР презеде соодветни мерки и активности и со активна потрага по него, односно по негово лоцирање, разменети се информации со германската полиција, по што лицето беше приведено од германската полиција, а потоа и преземени соодветни мерки и активности за негово испорачување во Република Македонија, информираат од МВР.

За потсетување, дваесетгодишниот Никола Саздовски – Саздо, член на навивачката група Комити животот го загуби пред две години откако крвнички беше прететан во скопската населба Автокоманда.

Против обвинетите се води истражна постапка за кривично дело „убиство извршено на свиреп начин“, откако ОЈО Скопје го преквалификува кривичното дело извршено на 29 јуни 2018 година.

До сега им се судеше само на Бесир Беља и Скендер Демири, кои добија по 19 години затвор за свирепо убиство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести