Велимир Илиќ, лидерот на Нова Србија и поранешниот министер упадна во канцелариите и направи вистински хаос- викал, и им се заканувал и ги пцуел.

Објавил: Весна Петровска | 1 август, 2019 16:27

ЕКС МИНИСТЕР УРЛАШЕ КАЈ ИЗВРШИТЕЛ: 100.000 луѓе ќе дојдат да ви ја е**т мајката, а на оваа к***а кажете дека ќе ја најдам

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Велимир Илиќ, лидер на НС и поранешен министер упадна во канцеларија кај еден од извршителите,бесен поради налог од извршител и им се заканувал на вработените дека ќе го извади народот на улица.

Велимир Илиќ, лидерот на Нова Србија и поранешниот министер упадна во канцелариите и направи вистински хаос- викал, и им се заканувал и ги пцуел.

На снимката која ја објавија српските медиуми, се гледа како поранешниот министер Велимир урла на вработените во една кацеларија на извршител, бидејќи како што вели му стигнало писмо од извршител, за кој тврди дека не постои. На снимката се слуша како им се заканува, но и како на извесна женска личност ја навредува со К**ва распадната.

Извршителите не се проблем само кај Србите туку и кај Македонците.

За една неплатена сметка од 3.000 денари, сумата на должникот во Македонија можеше да достигне и до 16.000 денари, од кои за камати и судски такси одеа околу 1.100 денари, за адвокатски и нотарски трошоци од 8.000 до 9.000 денари, а извршителот наплаќа 2.500 денари.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.